Како до Пелагонија
Печати Е-пошта

До Пелагонискиот регион може да се дојде користејќи било каков вид на транспорт. Инфраструктурно тој е одлично поврзан со соседните региони во државата (Вардарски и Југозападен) и со прекуграничните региони во Грција и Албанија. Добрата поврзаност на Пелагонија влечи историски корени затоа што овој дел од Балканскиот полуостров претставувал крстосница на разни трговски рути, и голем дел од стоките  наменети за пазарите во Мала Азија поминувале токму низ Пелагонија. Доказ за ова се остатоците од  патот VIA EGNATIA кој што датира од Римско време а уште тогаш бил еден од главните патишта за движење на војската како и за стоки за пазарите во Мала Азија.

Денес регионот има одлична патна инфраструктура составена од модерни регионални и магистрални патишта кои што ги поврзувааат општините и населените места во Пелагонија. Железничкиот транспорт е активен и претставува клучна артерија во превозот на стоки и патници низ земјата и регионот.

Во било кој период од годината до Пелагонија можете да стигнете:

Со воз: Низ регионот врви главната железничка линија СКОПЈЕ - БИТОЛА со  попатни станици во градот Прилеп и помалите населени места. Железничките линии се редовни и непроменливи во текот на целата година. Патниците кои доаѓаат од Србија и Грција можат со едно прекачување и промена на еден воз да стигнат до градовите Битола и Прилеп.

За подетални информации околу возниот ред www.mz.com.mk

 

Со автобус: Низ Пелагонија циркулираат голем број автобуски линии acheter viagra кои поврзуваат соседни градови, села и населени места.  Во Пелагонија со автобус секојдневно се пренесуваат  патници од Македонија и од држави надвор од неа. Автобуси линии водат кон секој град во државата и обратно, од секој град во Македонија кон населените места во Пелагонија. Автобуската мрежа е високо развиена и целосно одговара на потребите на патниците.

 

Со автомобил: Патната инфраструктура во Пелагонија е модерна и одговара на потребите на модерниот човек кој постојано е во движење. Од северо -запад во регионот се стигнува преку патниот правец Кичево - Битола или Кичево - Прилеп. Од запад се стигнува преку магистралниот пат Охрид - Битола. Преку магистралниот пат Градско - Прилеп регионот е поврзан со источниот и северниот дел на републиката. На југ регионот граничи со Грција и патот кој ги acheter viagra pas cher usa поврзува Битола со Лерин е одличен. Патната мрежа низ Пелагонија е комплексна и ги поврзува сите населени места кои се дел од оваа територија. Руралните средини кои се честа дестинација на љубителите на руралниот туризам, се исто така https://www.acheterviagrafr24.com/prix-viagra/ поврзани со урбаните населени места преку локални и регионални патни правци.

Со авион: Туристите кои доаѓаат во Пелагонија  ги користат услугите на Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, кој од Ресен е оддалечен не повеќе од 50 км. Исто така чест е случајот кога туристите со авион доаѓаат на аеродромот Петровец во Скопје а потоа со комбиниран превоз најчесто користејќи автобус стасуваат до саканите дестинации во Пелагонија.

 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп