Џамии Печати Е-пошта
Назив
Адреса и контакт
Опис

"Јени џамија"

Битола

Името на турски јазик означува Нова Џамија. Лоцирана е во центарот на градот. Има квадратна основа, со купола на врвот. Близу џамијата има минаре високо 40 m. Денес, одаите на џамијата се употребуваат за изложби. Недамнешни археолошки ископувања откриле дека е изградена врз стара црква.во 1558/59 година. Оваа џамија по својот изглед е една од највпечатливите и можеби највредните градби во Битола.


 

"Исак Џамија"

Битола

Џамијата е наследство на познатиот кадија Исак Челеби. Во нејзиниот голем двор има неколку гробови, привлечни заради фините облици на саркофазите. Исак Челеби Ибн Иса џамија е изградена во 1506 год. и таа е една од најстарите зачувани џамии во Битола чиј минарет е висок околу 50 метри, едноставно доминира во просторот. Посета со претходна најава кај Муфтиство на ИВЗ Битола).


 

"Ајдар-кади" џамија

Битола

Ајдар-кади џамијата е еден од најатрактивните споменици на Исламската архитектура во Битола. Градена е во периодот од 1561 до 1562 година, како проект на славниот архитект Мимар Синан. Џамијата ја нарачал битолскиот кадија Ајдар-кади по кој и џамијата го добила името. Низ времето џамијата тешко се оштетила, заради што моментално се реставрира, што ќе значи приближно враќање на нејзиниот првобитен изглед.


 

"Чарши-џамија"

Во центарот на Прилеп,
до Градскиот саат


Чарши џамијата е споменик на културата кој е заштитен од државата.  Изградена е од втората половина на 15 век (1475 година) и е единствена џамија во Европа со два балкона на своето минаре. Се чека на нејзина реконструкција.


 

"Хаџирамаданова џамија"

Ресен

Џамијата е изградена од страна на битолскиот бег Хаџирамадан во 1592 година. Неколку пати е реставрирана и така е сочувана формата т.н. opus cloisine.


 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп