Печати Е-пошта

Назив
Адреса и контакт
Опис

Католичка црква “Свето срце Исусово“

Широк сокак, Битола
Тел:(047)233-705

Француските мисионери лазаристи од Конгрегацијата на Св. Винко Павелски својата дејност на овие простори ја започнуваат во текот на XVIII век. Во 1909 год. била изградена денешната Католичка Црква изградена во новоготски француски стил. Ентериерот на црквата го сочинуваат три олтари, голем број на икони и статуи со различна големина, крстилница како и клупи за седење за верниците. Најдоминантна од сите статуи е статуата на Пресвето Срце Исусово која се наоѓа во центарот на главниот олтар. Камбанаријата на црквата е изградена во периодот 1938 - 1940 год., и е подарок од словенечките верници. Црквата денес поседува многу богата библиотека и архивски фонд за мисијата и школите отворени во Битола, за ширење на католичката вероисповед.


 

"Св. Димитрија"

11-ти Октомври 1, Битола
Тел:(047)202-345

Оваа црква изградена е 1830 година, а камбанаријата е изградена 1936 година. Градена е во форма на трибродна базилика, со странични галерии.Целиот иконостас е изработен во позлатена резба од вештите раце на засега непозната резбарска тајфа, но сигурно составена од македонски мајстори. Отворена е за посета секој ден од 06 до 19 часот.


 

"Св. Богородица"

Ѓуро Ѓаковиќ бб, Битола
Тел:(047 236-287

Изградена е 1870 година, а осветена 1876 година. Позната е по својот иконостас и резба. Во неа може да се видат икони од 19-от и 20-от век од различни дарители, а најмногу од битолските еснафи. Отворена е за посета секој ден од 6 до 19 часот.


 

"Св. Пантелејмон"

Студентска бб, Битола
Тел:(047) 258-237

Црквата Св.Пантелејмон се наоѓа во Битола под Студентскиот дом. 9-ти август е ден на Свети Климент и на светите седум Численици, а во народните преданија овој ден покрај тоа што има верски обејежја е ден кога за прв пат сопствениците на лозја, берат грозје и како велат го “зајадуваат“ првиот грозд на грозје. На овој ден локалното население доаѓа во оваа црква да запали свеќа за здравје на своите најмили, да се напие и да однесе дома, од светата вода која извира во бунарчето кое се наоѓа внатре во црквата. Во црквата “Св. Пантелејмон“ на овој ден се организира и мал панаѓур со неколку тезги со играчки за најмалдите.


 

"Свети Никола"

Варош, Прилеп

Црквата Св.Никола е изградена во 1298 година во село Варош и една од најубавите градби на територијата на Македонија. Фреските внатре се извонредни, со многу живи бои и добро сочувани. Црквата е отворена за време на викендите во утринските часови, но по барање може да се отвори и другите денови.


 

"Свето Благовештение"

Александар Македонски бб, Прилеп 
Тел:(048)424-645

На 8-ми Септември 1838год. според Јулијанскиот календар е осветена соборната црква “Свето Благовештение“ во Пилеп, дело на мајсторите Коста Лауч и Ристе Тасламице, а осветена од Пелагонискиот Метрополит Герасим, благодарение на ферманот добиен од туристичкиот султан од страна на Хаџи Ристо Логотет.


 

"Св. Архангел Михаил"

Варош, Прилеп Тел:(048) 412-290

Црквата Св Архангел Михаил е во склоп на манастирскиот комплекс изграден XII век, обновен XIX век.


 

"Св. Атанасиј"

Варош, Прилеп

Изградена е од 14 век


 

"Св. Димитрија"

Варош, Прилеп

Св.Димитрија е најголема црква во стариот град Варош изградена во доцниот 13 век.


 

"Св. Никола"

Центар на градот Крушево

Црквата ‘‘Св.Никола’’ била изградена во 1832 година, но за време илинденското востание во 1903 година е целосно опожарена и изгорена . Во пожарот бил еден од најголемите и најубави иконостаси изработени од Петре Филипоски Гарката. Црквата била повторно изградена во 1905 - 1907 година, но овој пат значително помала црквата има централна позиција и е лоцирана во центарот на градот. Таа има централна позиција и е ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот. Црквата е трибродна базилика, со тоа што кај неа е издигнат средниот брод. На јужната страна од црквата е изградена камбанарија на која е поставен градскиот саат. Најстарите икони изложени во оваа црква се од 1884 година. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никогаш невидени мајсторски совршени дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.


 

"Св. Јован"

Крушево

Црквата Св. Јован кај крушевчани позната е како „ Влашка “ црква. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот. Во црквата нема живопис. Доминира прекрасно изработен дрвен и к оностас, направен од плитка резба од браќата Несторови. Тие го работеле непрекинато, со голема љубов и умешност и тоа повеке од 4 години. Таму можете да ги видите книгите со цртежи - скици за деталите на иконостасот како и алатките со кои е изрезбарен иконостасот, како и иконите од крушевските мајстори - зографи од 19 век. Во влезот на црквата Св. Јован исто така се наоѓаат фрески кои се пренесени од црквата Св. Атанасије во с. Локвени а датираат од 1627 г. а на нив се прикажани Св. Архиереи, Св. Богородица, итн.


 

"Св. Богородица"

До ОУ "Никола Карев", Крушево

Црквата Св. Богородица е изградена 1867 г. Црквата е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен. Кровот е на две води, на средината се издига висок осмостран тамбур. Внатрешноста на црквата е поделена на три травеја со помош на колони, по три на северната и јужната страна. Во внатрешноста на црквата доминира голем монументален иконостас, работен во 19 век и на него се наоѓаат евидентирани икони од истиот период. Во внатрешноста на црквата има прекрасен фреско-живопис во калотата и во тамбурата на средишниот дел од црквата, како и во слепата калота на западната страна. Фреско-живописот над порталот датира од 1870 г., а се наоѓа на западниот фасаден ѕид на црквата.


 

"Св. Троица"

Хотелска зона бб, Крушево

Црквата Св. Троица била изградена во 1881 година на периферијата од градот во близина на хотелот Монтана во ‘‘Ѓупско маало’’. Црквата била опожарена за време на Илинденското востание и набрзо после тоа повторно изградена.


 

"Св. Спас"

Во подножјето на Црн Врв

Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови. Се наоѓа во прекрасен шумски амбиент и е омилено излетничко место за мештаните и туристите.


 

"Св. Преображение"

с.Зрзе

Црквата е составен дел од манастирскиот комплекс Св.Преображение во селото Зрзе. Таа има ретки икони и фрески, кои влегуваат во сите енциклопедиски избори на светскиот иконопис. Една од нив е иконата „Исус Христос“, изработена во 1393 година од зографот Митрополит Јован, а другата, „Богородица Пелагонитиса“, дело на зографот јеромонах Макарие, изработена во 1422 година, едно од најфасцинантните дела од средновековниот период. - Иконите, од стилско-иконографски аспект се исклучително вредни примери на нашата средновековна традиција. Едната е монументална, а другата е повеќе лирска и суптилна. Тие се создадени на крајот од средновековната епоха и докажуваат колку е силен и издржлив континуитетот на византиската традиција кај нас.


 

"Св. Димитрија"

с.Градешница

Се смета дека храмот потекнува од времето на цар Душан (16 век), изграден на влезот во с.Градешница. мала по димензии, која се споменува и како св.Никола, а кај народот е позната како црква посветена на св.вмч.Димитриј. Храмот граден од камен, еднокорабен, засводен со полукружен свод, декориран со фрески и икони на светци претставени во двопојасни фигури. Се смета дека е единствен олтар изграден од камен.


 

"Св. Никола"

с.Градешница

Храм Св.ап.Никола (Св.Николај чудотворец) посветен на светецот Никола, познат меѓу народот како исцелител од болести по измивање од светата вода. Во составот на црквата се тремот кој е од јужната страна, а од западната страна е камбанаријата во тркалезна форма. Граден е од камен, покриен со керамиди, молерисан и украсен со бел малтер. Во црквата се чуваат две вредни книги со црковна содржина: Часлав, пишувана на грчки јазик, а другата е Различно поучение, пишувана на стсл. Јазик со потекло од 1894 година.


 

"Св. Атанасиј Велики"

с.Градешница

Помала црквичка, изградена во близина на селото Градешница, посветена на св.Антониј Велики.


 

"Св. Спас Параклис"

с.Градешница

Црква изградена во близина на селото Градешница. Се празнува Спасовден (40 дена по Велигден).


 

"Св.Бесребреница Козма и Дамјан" (св.Врачи)

с.Градешница

Мала црквичка (параклис), која не е активна. Не е зографисана. Градевци се големи христијани, гостољубиви и весели.


 

"Св. Спас"

с.Грумази

Црквата е градена некаде во 1864 година, од камен, засводена со полукружен свод, еднокорабна, со влез од јужната страна близу до олтарот, декорирана со фрески и икони меѓу кои со големина доминира иконата на Исус Христос. Била разрушена во Првата Светска Војна, обновена во 1927 година, доградена во 1980 година. Во 2006 госина храмот е целосно обновен.


 

"Св. Димитриј"

с.Груништа

Црквата е еднкорабна, изградена некаде кон 1860 година, разрушена во Првата Светска Војна, обновена во 1926 година, зографисана, со габарит од ширина 6 метри, а должина 12 метри, сместена во црковниот двор пред гробиштата. И храмот и камбанаријата се покриени со камени плочки, а ѕидовите од надворешната страна малтарисани со бел малтер околу камењата.


 

"Св. Богородица"

с.Бач

Црквата е изградена во 19 век, повторно обновена од егзархистите и осветен на 21.09.1912 година на селска слава. За време на Првата Светска Војна црквата била разрушена, а обновена во 1921 година. Женската црква е во форма на балкон. Црквата е еднокорабна, без фрески, а со икони на апостоли и светци. Апсидата е полукружна со мал простор што гледа кон селото. Во главниот дел на црквата висат кандилници од метал и полилеи со постар датум од пред возобновувањето.


 

"Св. Николај"

с.Брод

Црквата е изградена во 1840 година, а разрушена во Првата Светска Војна. Обновена во 1996 година. Црквата е нова, но има икони и од 19 век, поставени на иконостасот. Црквата по форма е еднокорабна, со габарит од 12 x 7 метри и висина од 5-6 метри. На северниот ѕид има еден ред столици за седење, а на јужниот два реда.


 

"Св. Георгиј Победоносец"

с.Гермијан

Црквата е изградена во 1860 година, ѕидана од камен, засводена со полукружен свод, еднокорабен, со влез на јужната страна, декорирана со фрески и икони. Во Првата Светска Војна целосно разрушена, а во 1925 година изградена и зографисана. Кон 1990 година повторно обновена.


 

"Св. Петар и Павле"

с.Горно Агларци и с.Долно Агларци

Започната со градење во 1980 година на темелите на некогашната црква која била срушена во Првата Светска Војна. Фасадисана со црвена украсна тула, двокорабен со влез на јужната страна, декорирана со фрески и икони. Покрај црквата изградени се два трема – едниот за жителите на Горно Агларци, а другиот за Долно Агларци. Храмот е своина на двете села и поделен е просторот меѓу селаните. Едното село го слави Петровден на 12 јули, а другото Павловден на 13 јули.


 

"Св. Вознесение Христово"

С.Далбеговци

Црквата е градена во последниве години. Во 2005 година е изграден храмот во непосредна близина на селото, во црковно место, со фасадна црвена тула. Храм од современ тип, со три кубиња и засводен со полукружен свод, двокорабен со влез на јужната страна, декориран со фрески и икони. Селски празник им е Велигден.


 

"Св. Николај Мириклијски"

С.Добромири

Црквата е подигната во 1886 година во црковно место, во комплекс на гробиштата, со трем и камбанарија. Црквата била оштетена во Првата Светска Војна, повторно подигната во 1926 година, а дообновена во 1941 година. Најпосле, во 2001 година е икинографисана, ѕидовите обелени и инсталирана електрична струја, градена од камен, еднокорабна со влез на јужната страна, декорирана со фрески и икони.


 

"Св. Спас"

с.Живојно

Подигната во спомен на Христовото вознесение на небото – слава на Исус Христос. Времето кога се празнува Спасовден се совпаѓа со времето кога во предхристијанството т.е. кога паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Црквата е градена во 1885 година, зографирана и обогатена со икони и книги. Ѕидана е од камен, засводена со полукружен свод, еднокорабна со влез на јужната страна. Селаните, веднаш по Втората Светска Војна ја обновиле, а во 1990 година повторно ја реновирале.


 

"Св. Николај Чудотворец"

с.Зовиќ

Црквата е изградена во 1868 година од камен, засводена со полукружен свод, еднокорабна градба, декорирана со фрески и икони. Во 1920/21 година кога народот се вратил од интернација (за време на Првата Светска Војна бил раселен по други села), ја изградил црквата. Во 1958 година црквата е малтерисана, кровот и трпезаријата поправени.


 

"Св. Архангел Михаил"

с.Маково

Црквата е изградена 1860 година, срушена до темел за Првата Светска Војна, а во 1926 година подигната со името Св. Воскресение. Маковци го слават Велигден. Селото, повторно ја реновирало црквата некаде во 1997 година со донација на здружението “Маково” од Мелбурн – Австралија.


 

"Св. Атанасиј Велики" (Александриски)

с.Новаци

Црквата е посветена на Св.Атанасиј. Била изградена 1868 година од камен, засводена со полукружен свод, трикорабна, декорирана со фрески и икони, сместена во средината на селото, во црковен двор, заградена со ограда. Лево од влезот е попската куќа која служела за сместување на савештениците. Западно од црквата, во истиот црковен поплочена дел има трпезарија со простории: канцеларија, трпезарија а раздавање. Црквата има и телефонска врска. На западната страна е камбанаријата – четвртаста кула, висока над 10 метри со камбана набавена во 1926 година. Во 1998 година е повторно реновирана.


 

"Св. Параскева
и Св. Димитриј"

с.Рапеш

За двата светци е подигнат еден храм. Најпрво изграден некаде кон 1860 година, со влез на јужната страна и западната страна, декориран со фрески и икони. Во 1918 година гранатиран и разурнат. По војната, во 1919 година беганите рапешани се вратиле на своите огништа. Во 2006 година храмот е поправен.


 

"Св. Георгиј Победоносец"

с.Рибарци

Се наоѓа на највисокото место во селото на црковното тумбе, заградено со железна ограда. Околу црквата има гробови, а на југ е изградена трпезарија. Црквата била првпат изградена 1862 година, срушена до темел 1918 година, а потоа подигната во 1936 година. Повторно обновена во 1971 година. Над вратата го пишува датумот на изградба – 1862 година.


 

"Св. Богородица"

с.Старавина

Црквата е изградена во 1860 година, а живописана во 1887 година. Сигнатурите на фрските се испишани на грчки јазик, а по обновата на стсл. јазик. Црквата е живописана. Во првата зона се претставени светци до половина. Во 1918 година и селото и храмовите биле до темел разрушени.


 

"Св. Николај Чудотворец"

с.Старавина

Црквата е во непосредна близина на селото, на најгорниот дел, изграден но не е зографисан.


 

"Св. Архангел Михаил"

с. Могила

Изградена во 18 век


 

"Св. Ѓорѓиј"

с.Ивањевци

Изградена 1847 год.


 

"Рожденство на Пресвета Богородица"

с. Трновци

Изградена 1983 год.


 

"Св. Теодор"

с.Свето Тодори

Изградена 1840 год.


 

"Рожденство на Пресвета Богородица"

с. Подино

Датира од Римско време,  возобновена во 1916 год.


 

"Св. Атанасие"

с. Лознани

Изградена 1900 год.


 

"Св. В-мч. Ѓорѓи"

с. Новоселани

Изградена 1935 год.


 

"Св. Вознесение"

с. Добрушево

Возобновена 1924 год.


 

"Св. Вознесение"

с. Дедебалци

Изградена 1903 год.


 

"Св. Петка"

с. Трап

Изградена 1830 год.


 

"Рожденство на Пресвета Богородица"

с. Црничани

Изградена во 18 век.


 

"Св. Димитрија"

с. Путурус

Изградена 1880 год.


 

"Рожденство на Пресвета Богородица"

с. Мусинци

Започната со градба 1992 год.


 

"Св. Атанасие"

с. Мојно

Изградена 1871 год.


 

"Св. В-мч. Димитрија"

с. Долна Чарлија

Изградена 1877 год.


 

"Св. Ап. Петар и Павле"

с. Радобор

Изградена 1891 год.


 

"Св. Атанасие"

с. Беранци

Изградена 1878год.


 

"Св. Теодор Тирон"

с. Долно Српци

Изградена 1970 год.


 

"Св. Никола"

с. Ношпал

Изградена 1865 год.


 

"Св. В-мч. Ѓорѓи"

с. Вашарејца

Започната 1863 год.


 

"Св. Ѓорѓи"

 

 

 

 

с.Курбиново

 

 

 

 

Црквата е  изградена кон крајот на 12 век, поточно во 1192 година.   Фрескоживописот во оваа црква надалеку ги надминува границите на Република Македонија и се вбројува меѓу најголемите богатства на човештвото. Претставувањето на Архангел Гаврил е главно одбележје на црквата, заедно со фреските на Света Ана и нејзината ќерка Света Богородица, портретите на словенските просветители Свети Кирил и Методиј. Црквата се наоѓа еден километар над селото Курбиново.


 

"Св. Сава"

с.Претор

Црквата се наоѓа на половина километар јужно од селото Претор. Изградена е во 14 век и била метох на Сливничкиот манастир. Црквата е градена на темели на постара црква посветена на Свети Никола. Овде се наоѓала познатата икона на Свети Јован Крстител која денес се чува во Ресен.  Црквата денес е во многу лоша состојба.


 

"Св. Петка"

с.Брајчино

Црквата Света Петка е еднокорабна, скромна по димензии и со тространа апсида. Живописот во црквата е правен во две фази и тоа, првата во шеснаесеттиот и втората во осумнаесеттиот век.


 

"Св. Атанас"

с. Сливница

Црквата се наоѓа западно од селото Сливница. Таа е  еднокорабна  со скромни димензии и непознато време на градење.


 

"Св. Никола"

с. Сливница

Црквата е новозградена, на старо култно место со остатоци од некогашна некропола. Се наоѓа над селото Сливница.


 

"Св. Димитрија"

с. Сливница

Црквата се наоѓа северно од селото Сливница и претставува гробјанска црква. Во неа има иконостас од поново време.


 

"Св. Петка"

с. Сливница

Црквата се наоѓа на три километри северно од селото Сливница, претставува мала еднокорабна црква изградена на култно место, а видливи се остатоци од некогашната некропола.


 

"Св. Архангел"

с.Претор

Црквата се наоѓа западно од селото Претор и претставува гробјанска црква. Изградена е во 1923 година, нема живопис, а иконите се од поново време.


 

"Св. Атанас"

с.Претор

Црквата се наоѓа во селото Претор, тоа е мала градба изградена на култно место.


 

"Св. Петар и Павле"

с.Љубојно

Црквата се наоѓа на 1,5 километри источно од селото Љубојно, со впечатлива камбанарија. Изградена е 1923 во година.


 

"Св. Јован"

с.Љубојно

Селска црква,  изградена во 1861 година.  По опожарувањето во 1903 година била обновена во 1921 година. Црквата е трокорабна полигонална апсида . Во олтарниот простор има ѕидно сликарство кое датира од 1928 година.


 

"Св. Атанасие"

с.Љубојно

Црквата се наоѓа на околу еден километар источно од селото Љубојно. Подигната е во 1623 година, а обновена во 1968 година. Во олтарот има сочуван фрескоживопис.


 

"Св. Богородица"

с.Љубојно

Црквата се наоѓа западно од селото, мала е по димензии и има скромна архитектура.


 

"Св. Марена"

с.Љубојно

Во западниот дел од селото Љубојно се наоѓа црквата Св. Марена, со мала и неугледна градба. Во делот на Мала Преспа кој денес е во соседна Албанија е посебно раширена легендата за Св. Марена.


 

"Св. Богородица" (Пречиста)

с.Љубојно

Црквата е мала еднокорабна градба со полукружна апсида изградена врз постар објект од кој е зачуван олтарен фрескоживопис од 17 век.


 

"Св. Никола"

с.Љубојно

Оваа црква е со мала градба со полукружна апсида.


"Св. Димитрија"

с.Љубојно

Мала црква на околу еден километар западно од селото Љубојно.


 

"Св. Илија"

с.Љубојно

Црквата се наоѓа источно од селото Љубојно на патот  кон селото Брајчино. Се претпоставува дека е изградена во 19 век, а подоцна е обновена. Нема живопис, а фреските се од понов датум.


 

"Св. Никола"

с.Брајчино

Црквата Св. Никола во селото Брајчино е подигната во 1871-72 година. по архитектура е трокорабна, а иконостасот датира од 1875 година.


 

"Св.
Архангел"

с.Брајчино

Црквата се наоѓа на оддалеченост од 1,5 километри од селото Брајчино, а датира од поново време.


 

в. Илија"

с.Брајчино

Источно од селото брајчино,на само два километри се наоѓа црквата Св. Илија. Изградена е во 1919 година.


 

"Св. Атанас"

с.Брајчино

Југозападно од селото Брајчино е црквата Св. Атанас. Подигната е врз постар сакрален објект. Два животописа го красат олтарот и северниот ѕид на црквата.


 

"Св. Богородица"

с.Брајчино

Црквата се наоѓа северно од селото Љубојно. По димензии е мала и со неугледна архитектура. Времето на подигнувањето не е определено.


 

"Св.
Атанасие"

с.Долно Дупени

Иконите од иконостасот на оваа црква се заштитени како споменици на културата. Црквата е лоцирана на 2 километри источно од селото Долно Дупени. Изградена е 1864 година врз постар објект од 17 век. Врз нејзината архитектура е извршена конзервација.


 

 

"Св. Богородица"

 

с.Долно Дупени

 

Св.  Богородица е манастирска црква која се наоѓа на 2 километри североисточно од селото Љубојно. Изградена е во почетокот на 20 век. Од живописот е сочувана само една сликана претстава. Има голем иконостас, проповедилница и владички стол во резба.


 

"Св. Архангел Михаил"

с.Долно Дупени

Црквата се наоѓа во селото Долно Дупени. Живописот е сочуван само во апсидата. Присутни се икони кои се регистрирани како споменици на културата.


 

"Св. Илија"

с.Долно Дупени

Се претпоставува дека оваа црква е градена на постар објект. Таа се наоѓа наоѓа југоисточно од селото Долно Дупени.


 

"Св. Врачи"

с.Долно Дупени

Црквата се наоѓа на 3-4 километри источно од селото Долно Дупени, со скромни димензии и архитектура.


 

"Св. Никола"

с.Долно Дупени

Оваа црква се наоѓа на еден километар источно од селото Долно Дупени. Таа е мала, со скромна архитектура.


 

"Св. Димитрија"

с.Долно Дупени

Црквата се наоѓа на еден километар јужно од селото Долно Дупени, со скромни димензии и архитектура.


 

"Св. Петка"

с.Долно Дупени

Уште една мала црква во источната страна од ова село.


"Св. Филип"

с.Долно Дупени

Југоисточно од селото Долно Дупени, се наоѓа црквата посветена на Св. Филип. Таа е мала црква со скромна архитектура.


 

"Св. Кирил и Методиј"

с.Долно Дупени

Селска црква со трикорабна градба и полукружна апсида. Изградена е во 1911 година, нема живопис, а иконостасот е од поново време.


 

"Св. Атанас"

с.Долно Дупени

Црквата Св. Атанас се наоѓа на еден километар јужно од селото Стење. Потекнува од поствизантискиот период. Во неа е сочуван дел од живописот.


 

"Св. Богородица"

с.Сливница

Црквата посветена на Света Богородица, манастирските конаци и дворот, го сочинуваат Сливничкиот манастир посветен на Света Богородица. Според натписот во црквата, таа била изградена во 1607 година, а во деветнаесеттиот век била направена дрвена камбанарија и затворен трем. Манастирските конаци се користат за ноќевање на посетителите, но и на планинарите.


 

"Св. Богородица"

с.Јанковец
Тел.        (047) 485-151

Манастирот "Успение на пресвета Богородица" во Јанковец, Ресенско, е женски манастир. Во него живеат седум сестри. Монахињите во манастирот осликуваат икони, сложуваат мозаици, ткаат покривки и везат ракотворби. Монахињите пет пати во денот одржуваат служба, во лето во црквата, а во зима во параклисот, на црковнословенски јазик.


 

"Св. Спас"

с.Евла

На шест километри од селото Евла се наоѓа манастирот св. Спас, до кој може да се стигне само пеш или со теренско возило, бидејќи црквата е подигната во пештера. Црквата е преполна на празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум, а доаѓаат луѓе и од  околните села на охридскиот регион. Манастирот има одлична местоположба со убав поглед.


"Св. Петка" (Параскева)

С.Брајчино

Црквата Света Петка е дел од манастирскиот комплекс во близина на селото Брајчино. Живописот во црквата е правен во две фази,првата во 16 век и втората во 18 век. Манастирскиот комплекс дополнително ги опфаќа и реновираните манастирски конаци и манстирскиот двор. Во селото постои здружение на граѓани кое се грижи за уреденоста на манастирот и сместувањето на гостите.


 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп