Печати Е-пошта

Назив
Опис

Пештерата "Рамниште"

Пештерата Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец на надморска височина од 1100м. Формирана е во плиоцени езерски карбонатни конгломерати и бречи. Има два отвори, вкупна длабочина од -22м и вкупна должина на каналите од 115м, што ја прави најдолга од наведените пештери во околината на Прилеп. Составена е од три сали, во кои се застапени пештерски украси со претежно бела и црна боја. Особено се истакнува Невестинската Сала, која е исполнета со бели украси. Карактеристичен знак е сталагмитот „Торта“ кој се наоѓа на крајот од пештерата.


 

Пештерата "Самоска Дупка"

Се наоѓа од десната страна на скарстената долина Студино, на планината Галичица, на надморска височина од 1.430 м. Истата се состои од еден доминантен меандерски канал со должина од 279 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 301 м. Во некои делови од главниот пештерски канал забележителна е појавата на пештерски украси, претставени со саливи и сталактити.


 

Лесковечката пештера

Се наоѓа на источните падини на планината Галичица, Во непосредна близина на селото Лесковец (Преспанско). Пештерскиот влез се наоѓа на надморска височина од 1.090 м. Во пештерата, чија вкупна должина изнесува47 м, изградени се три поголеми проширувања (пештерски сали). Во одредени делови од пештерата се сретнуваат пештерски украси претставени со сталактити и саливи. Во неа живееи поголема колонија на лилјаци.

Пештерите на Галичица

Пештерите во Галичица, кои ги има над десет, се истражувани во средината на педесеттите години. Доминираат пештерите "Волја", "Самотска Дупка" и "Наумова пештера". Отсеците "Магаро", "Лако Сигној" и "Голем Врв", двете циркни езерца под врвот "Магаро", ендемичната фоја и др. го надополнуваат мозаикот на природните богатства во Националниот парк Галичица.

"Змеова  пештера"
Демир Хисар

Оваа пештера се наоѓа на десната страна од Црна река, на падините од Павлев рид на надморска височина од 780 метри. Околу пештерата има дабова шума, а пристапот до влезот е погоден. До пештерата постои сложен пат од Бабино преку Три дабје и се  потребни 20 минути пешачење да се стигне до пештерата. На дното има дворана со неправилна горма од 11 до 20 метри. Во западниот дел од двораната се наоѓаат два големи сталагмити со пречник од околу 60 сантиметри кои како да наликуваат на човечки фигури при што народот верува дека се тие скаменетите Змеот и девојката.


 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп