Печати Е-пошта

Назив                                                   
Опис и локација                                             

Пелистер, Битола

Риболовно друштво
ул.Ваташа бр. 26, Битола


 

Крушевско вештачко езеро

Љубителите на спортскиот риболов можат да ловат во Крушевското Езеро кое има богат рибен фонд (крап, караш, клен, охридска и калифорниска пастрмка, црвеноперка, плашица, толстолобик и т.н.) . Риболовот е дозволен во текот на целата година со исклучок на месец јуни периодот на мрестење кај рибите лоцирано е во близина на спортско-рекреативен центар “Гумење“


 

Течението на Црна Река

Места за спортски риболов се реката Црна од нејзините извори до селото Света и малите акумулации Стругово и Суводол 1 и Суводол 2. Најчесто ловени видови на риба се: речна пастрмка, клен, скобал, карас, крап, мрена и кркуша.


 

Рибник во близина на Долнени

Вештачка акумулација за одгледување на риби покрај регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод до н.м Долнени.


 

Текот на Река Црна во Новаци

Главен извор во мариовскиот предел за риболов е реката Црна со нејзините притоки. По познати места за риболов во мариовскиот предел се: Сивиот вир кој се наоѓа под селото Ивени во негова близина се наоѓа и Стојчевот вир , овие два познати риболовни места се богати со сом и крап и познатата мренка. Потоа  кај селото Градешница во реката Црна се влива реката Белоца која е богата со речна пастрмка, потоа кај селото Рапеш на Црна Река која е богата со сом , крап, клен, лилјан, и мренка .


 

Риболов во Могила

Од аспект на рибарство од поголемо значење за овој простор се низинските реки, Шемница и Црна Река во кои се застапени следните видови риба: крап, црвеноперка, клен, скобуст, сом, костреж и др.
Овие реки претставуваат спортско риболовни подрачја.
 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп