Печати Е-пошта

Назив
Локација и опис

"Баба планина"

Планината Баба претставува составен дел од Родопскиот планински систем кој се протега од јужниот дел на Балканскиот Полуостров и тоа во Бугарија, Грција и Република Македонија. Сместена е помеѓу Преспанското Езеро и Пелагониската рамнина, над која со својата височина и величествена убавина доминира највисокиот врв Пелистер со надморска височина од 2601 метар.


 

"Бушова планина"

Крушево се карактеризира со извонредни природни услови за развој на планинарски туризам, пешачење во лето и зима, ориентационен спорт, планински велосипедизам, обука на планинари за скијање и движење со турно скии и. т.н. Во зимски услови конфигурацијата на теренот, надморската висина, климата и наизменично голите и пошумените зони се елементи кои овозможуваат трасирање на пешачки стази по снежните патеки. За пасионирани планинари кои се спремни за подолго пешачење постои трасирана патека означена со планинарски маркици во должина од 30 км. од Крушево кон врвот Мусица, надморска висина 1788 м., каде се наоѓа „ Ловечка куќа “ , комплетно опремена со 15 лежаи за сместување, одмор и ноќевање на планинарите.

"Галичица"

Планината „Галичица“ се наоѓа во рамките на националниот парк „Галичица“ којшто е основан во 1958 год. истиот е регистриран и во УНЕСКО. Обично искачувањето на Галичица завршуваат на врвот „Магаро“ којшто не е највисок врв на планината. Инаку највисоката кота на Галичица е котата со висина 2265 мнв до која може да се стигне од "Магаро" за триесетина минути, таа се наоѓа на самата граница со Албанија. До преслапот се стига за околу 3,5 часа, а од таму до „Магаро“ потребни се 1,5 час. Од врвот има фантастичен поглед кон двете езера, Охридското и Преспанското. На оваа планина не постои планинарски дом.


 

"Бигла" и "Плакенска планина"

Планините Бигла и Плакенска планина, на која што се наоѓа и највисокиот врв од 2000 m., ја одделуваат Демирхисарската област од Преспанско-охридската област. Поради богатството на овие планини со железна руда, и областа го добива името Железник, кое се менувало во зависност од владателите во различни периоди.


 

"Илинска планина"

Илинска планина е една од најстарите планини на Балканскиот Полуостров. Планината е богата со различни видови на шуми, пасишта, извори на ладна планинска вода, различни растенија и животни и има идеални услови за зимски и летен туризам. Илинска планина е богата со разновиден свет од растотелно и животинско потекло. Исто така таја е и богата со разни шуми и студена вода. Највисок врв е Лиска со 1908 м. Може да се кажи дека во цела Македонија Илинска планина е нај еколошки чисто место и затоа ова место располага со најчисти шумски лековити билки и шумски плодови.


 

"Даутица"

Планината Даутица e дел од планината Јакупица. Името го добила по Даут кој со своето семејство се населило во селото Чеплес на овој дел од планината Јакупица.

"Ниџе"

Ниџе е типична јужна планина во Република Македонија, преку која води границата со Грција. Највисок врв е Кајмакчалан, висок 2521 метри. Според настанувањето и геолошкиот состав, таа е слична со Јакупица, Баба итн., односно настанала со раседнување во текот на терциерот. Составена е од палеозојски шкрилци, а во повисоките делови има мезозојски варовници. Планината Ниџе е значајна по богатството со шума, планински пасишта, разновидна фауна. Изобилува со специфични фаунистички типови, кои се сретнуваат од Средоземјето до Северна Европа, а тука се распоредени на мал простор и тоа висински, од подножјето до врвот.Ниџе е расположена на Македонско-Грчката граница источно од Пелагониската котлина и е петта по височина од планините РМ. На запад Ниџе се граничи со големата пелагониска котлина. Северозападната граница е Скочивирската клисура-Црна река после нејзиниот голем свиок јужно од Селечка Планина до сливот на реката Сатока.Од Сливот границата завртува десно на повеќе од 90 степени и се упатува во Југоисточна насока до сливот во Градиштанска река. Спротиводно од неа достигнува до изворите, одделувајќи го Ниџе од Козјак планина на северо-исток.
 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп