Печати Е-пошта

Назив
Локација и опис

"Маркови Кули"

Една од најпознатите природни убавини кај нас, поврзана со легендите е локалитетот Маркови кули, кој се издигнува над Прилеп. Составена е од две масовни грамадни низи чија старост е околу 700 милиони години. Според народните преданија, Марковите кули биле дом на кралевите Волкашин и син му Марко. Крале Марко бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани кон крајот на 14 век. Тој е еден од  најопеаните јунаци на епското народно творештво. Од 1985 година, Маркови кули се на привремената листа на Светското и природно наследство при УНЕСКО.Во Споменикот на природата Маркови Кули има неколку зони: Зона на строга заштита, Зона на активно управување, Зона за одржливо користење и Заштитен појас.


 

"Мечкин Камен"

Со овој споменик се претставени последните мигови од животот на легендарниот војвода Питу Гули, на истото место каде бранејќи  ја Крушевската Република, загинаа сите членови на неговата чета. Прогласен за Меморијален споменик  на природата во опфат од 250 ха. Се наоѓа 7 км. југоисточно од градот Крушево.


 

Природeн резерват "Езерани"

Природниот резерват Езерани го покрива северното крајбрежје на Преспанското Езеро, на 855 метри надморска височина. Заштитената област зафаќа  2080 хектари. Во 1995 година е назначено за рамсарско место, а во 1996 е прогласен за строго заштитен резерват. Скоро сите видови на птици кои живеат во Преспанското Eзеро градат гнезда, се хранат и бараат засолништа тука. Има околу 200 видови птици, од кои 104 видови се водни. 62 видови птици се ставени на листата на заштитени видови, во согласност со  Бернската конвенција, додека три од нив се наоѓаат на европската Црвена листа од светски загрозени видови.


 

Градешка Река

Реката е заштитена со закон, како природна реткост. Камениот мост којшто во селото Зовиќ ја премостува Градешка Река е едно од сведоштвата оставени од големите мариовски мајстори - градители.
 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп