Imprimer Envoyer
There are no translations available.

Назив
Адреса и контакт
Опис

Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола

ул.Св.Климент Охридски бб.
Тел:(047) 233-187
Тел:(047) 229-525
www.muzejbt.org.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Лоцирана е во еден од најзначаните културно историски споменици во Битола, во објектот Стара касарна. Овој објект е изграден во 1848 год. кога Битола го доживувала својот најголем развој, бил изграден како Воена гимназија – Идадие. Најзначајниот период од постоењето на оваа воена касарна е тесно поврзан со периодот кога во неа се школувал кадетот Мустафа Кемал Ататурк - таткото на модерна Турција, во чија чест 1998 година е отворена и спомен соба во рамките за музејот. Отворен за посета е секој ден од 6 до 19 часот.


 

Центар за култура- Битола

Маршал Тито бб. Битола

Центарот на култура Битола, претставува национална установа од областа на културата чија што основна дејност е поттикнување, презентација, промоција и афирмација на креативните уметнички капацитети од областа на музичко сценската, театарската, ликовно-галериската, киноприкажувачката, фолклорна дејност, како и алтернативната уметничка сцена.Пуштен е во употреба на почетокот а 80-тите години од минатиот век.  
Во просториите на Центарот за култура  се организираат многубројните манифестациите: Интернационалниот фестивал на монодрама, Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаќи, Републичкиот фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, Етно фест,  Една од основните тенденции на Центарот за култура Битола е и да го помага развојот на голем број на дејности  и самостојни уметници од сите области на музичко сценската дејност.


 

Завод за заштита на спомениците на култура и музеј - Прилеп

Александар Македонски 142,

Тел:(048)414-925
Тел:(048) 401-090

Во 1955 година со одлука на Народниот одбор на општина Прилеп е формиран Народниот музеј. Со прераснувањето на Народниот музеј во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, освен музејската дејност институцијата врши и заштитна дејност. Моментално во рамките на Завод и музеј - Прилеп работат следните одделенија: Одделение за Историја, Одделение за Архитектура, Одделение за Историја на уметност, Оддeление за етнологија и Музеј на тутун.


 

Центар на културата                      "Марко Цепенков"

ул.Гоце Делчев бб, Прилеп
Тел:(048) 425-520
www.markocepenkov.com

Клучна институција за развојот на културата во Прилеп. Институција која повеќе децинии го поддржува и организира културниот живот во Прилеп. Во рамките на центарот функционираат градската библиотека "Борка Талески", мала и голема театарска сцена и уметничка галерија.


 

"Центар за                            современа                          ликовна уметност"

ул.Гоце Делчев бб, Прилеп
Тел:(048)425-788

Центарот за современа ликовна уметност има складирано повеќе од илјада творби од многугодишните уметнички лета во Прилеп. Дел од скулптурите го красат градот Прилеп


 

Институт за                         Старословенска култура

ул.Кичевско Џаде бб, Прилеп
Тел:(048) 412-715
www.isk.edu.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Јавната научна установа Институт за старословенска култура - Прилеп е основана на 15 јули 1979 година, а својата работа ја започна 1.7.1980 година.
ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражувањата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражување на Старословенската Култура при Музејот на град Прилеп, а во 1980 година се осамостојува како Институција од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музејот на град Прилеп - Проф. д-р. Бошко Бабиќ, а подоцна и негов директор од 1980 година.


 

Библиотека                                    "Борка Талески"                Прилеп

ул.Гоце Делчев бб, Прилеп
Тел:(048) 420-066
Тел:(048) 424-344
www.biblioprilep.org.mk

Градската библиотека претставува најдмократска културна институција која располага со книжен фонд од над 113.000 монографски публикции и со над 2.500 комплетирани и укоричени дневни весници и списанија, референтна литература, ракописи, документи, албуми, видео касети, Роднокрајна збирка, Збирка на раритети, докторски и магистерски трудови, музикалии, плакати, Збирка на странска литература и сл.Библиотеката располага со читална за самостојно учење, читална за следење на печатот и читална за студиско работење.


 

Дом на култура                           "Наум Наумовски Борче"      Крушево

ул.Коча Миленку 71, Крушево
Тел:(048) 477-101

Домот на културата е единствено место во Крушево каде што се одржува културно-уметничкиот живот на жителите.


 

Дом на култура                             "Драги Тозија"                                Ресен

ул.29-ти Ноември 47, Ресен
www.domnakulturataresen.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.
Тел:(047) 551-021
Моб:(071) 578-978

Општинската установа Домот на култура “Драги Тозија“ во Ресен е формиран во 1978 година. Сместен е во зграда на Сарај. Во рамките на Домот на култура како културно-образовна институција функционираат следните дејности: Библиотечна дејност, музичко-сценска дејност и фолклор, ликовна уметност и галериска дејност, литературна дејност, музејска и кинотечна дејност и образование на возрасните. Со формирањето на Домот на културата во гардот се одржуваат бројни култури манифестации како настапи на културно-уметничките друштва, театарски претстави, литературни читања, промоции на книги, распишување на наградни конкурси за литературни и уметнички творби, на кои земаат активно учество ученици од цела Преспа. Во рамките на Домот на култура се наоѓа и библиотека која располага со 31 752 книги, а годишно има 300-400 читатели од сите возрасти.

 

Дом на култура "Илинден"
Демир Хисар

ул.Маршал Тито бб, Демир Хисар
Тел:(047)275-166

Главна институција е Домот на културата „Илинден“. Тоа е место каде се случуваат многу јавни културни манифестации (презентации, рецитали, средби, и сл). Во склоп на Домот на културата исто така постои и драмско студио и библотека со  солиден фонд наслови на македонски и странски книги од различни автори. Во склоп на Домот на културата "Илинден" работи фолклорен ансамбл . Тој има мала, средна и голема група, сопствен оркестар со вкупно 150 членови. Ансамблот е формиран 1993 г.

Мeѓународен центар
за уметност и
одржлив развој
"Арт Поинт - Гумно"

с. Слоештица,
Демир Хисар
www.artpoint-gumno.org.mk
Моб:(071)334-799

 

Центарот најмалку еднаш до два пати годишно, организира Уметничка Резиденција за двајца реномирани странски уметници. кои престојуваат во с. Слоештица 3-4 недели. Уметнците освен што творат инспирирани од убавините на крајот и духовитоста на локалните жители, имаат обврска да создадат  нешто корисно за селото или потесниот регион.


 

Приватна библиотека
"АЛ-БИ"

с. Бабино,
Демир Хисар

 

Библиотеката содржи фонд од преку 12.000 книги. Некои од примероците се стари и повеќе од 300 години, а некои се уникатни дела напишани на старословенски, турски и арапски јазик. Поради своите карактеристики, библиотеката во 2004 година од страна на Библиотекарското друштво на Македонија и со решение на Министерството за култура го добива статусот прва приватна библиотека која ги исполнува условите за работење. Со книжниот фонд на библиотеката направени се голем број на изложби, а самата таа претставува  главна туристичка атракција во Демир Хисарскиот крај. Сместена е во фамилијарната куќа на нејзиниот сопственик, која има автентичен традиционален изглед.


 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп