Imprimer Envoyer
There are no translations available.

Назив
Адреса и контакт
Опис

Народен Театар Битола

Маршал Тито бб, Битола                                   Тел:(047) 203 460

Првата зграда на театарот е започната со изградба во 19 век, а завршена некаде на почетокот на 20 век. Првиот професионален ансамбл во него работел од 1910 до 1912 година. Воените активности од Првата светска војна делумно ја запираат работата на оваа трупа која во тој период ги сели свиоте активности во Солун.  Пред почетокот на Втора светска војна се појавуваат уште неколку други театарски ансамбли. Театарската дејност во Битола се интензивирала во периодот после Втора светска војна. Професионалниот театар започнал со работа на 14 Ноември 1944 година со изведба на едночинката од Владо Малевски- "Петтоимениот Ѓоре". Од 1980 година театарот работи во современ објект кој бил изграден за да ги задоволи сите негови потреби. Од 1945 година па досега театарот има изведено над 400 премиери и со својата работа има стекнато меѓународен углед и реноме.


 

Народен Театар
"Војдан Чернодрински"       

Борка Талески 1, Прилеп                          Тел:(048) 428644   www.prilepskiteatar.blogspot.com

Професионален театар во Прилеп е формиран есента 1949 година. Официјално именувана како Градски народен театар Прилеп, оваа институција веднаш вработува 13 постојани и десет хонорарни актери. Прва премиера на овој театар е комедијата Кир Јања од Јован Стерија Поповиќ, изведена на 18 февруари 1950 година, во режија на Аце Михајловски.
Во 1954 година театарската зграда е адаптирана, а уметничкиот ансамбл е засилен со поголема група скопски актери, предводени од режисерот Мирко Стефановски. Во текот на наредните шест години (1954-1960), под уметничкото водство на Мирко Стефановски, прилепскиот театар ќе се афирмира како еден од најдинамичните, најинтригантни и најуспешни македонски театри, воопшто.
Во 1965 година театарот станува организатор и домаќин на театарските игри Војдан Чернодрински, кои подоцна прераснуваат во Македонски театарски фестивал.
Меѓу 1950 и 2000 година Народниот театар „Војдан Чернодрински“ има изведено 200 премиерни претстави и прикажано над 4.000 изведби, проследени од над еден милион гледачи.

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп