Imprimer Envoyer
There are no translations available.

Назив
Адреса и контакт
Опис

Галерија "Магаза"

Во центарот на Битола

Оваа е една од бројните магази кои постоеле во Битола од средината на XIX век. Овој објект кој денес е претворен во уметничка галерија во која се поставуваат бројни изложби од најразличен вид и карактер, каде се одржуваат литературни читања, камерни концерти и други културни манифестации се моменти кога Магазата живее со оној свој некогашен живот. Отворена е за посета од 10 до 22 часот.


 

Изложбена галерија на               градската
библиотека                                   "Борка Талески"

Бул.Гоце Делчев бб, Прилеп
Тел:(048) 420-066
www.markocepenkov.com

Во изложбената галерија на градската библиотека "Борка Талески" се изложуваат дела на самостојни ликовни уметници од цела Македонија. Галеријата значително го збогатува културниот живот во Прилеп.


 

Уметничка галерија
"Никола Мартиновски"

Нико Доага бб, Крушево
Тел:(048)477-126

Оваа галерија е сместена во Крушевска куќа, уникатен примерок на староградска архитектура од 19 век. Извонредното ликовно творештво на доејенот на современата македонска ликовна уметност, Никола Мартиноски (1903-1973) е сочувано во оваа галерија што авторот му ја подари на својот град во 1968 год.


 

Галерија на икони
во Прилеп

Во близина на црквата "Свето Благовештение"

Галеријата е сместена во објект кој потекнува од 19 век и е познат како "Баба Неделино училиште". Трајната поставка која е сместена во оваа галерија е четврта по ред во Македонија и содржи повеќе од 200 икони кои датираат од крајот на 16 век до крајот на 19 век. На поставката се изложени најзначајните примероци  кои го презентираат богатото иконописно налседство на територијата на градот Прилеп и пошироко.


 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп