Imprimer Envoyer
There are no translations available.

Назив                       
Адреса и контакт
Опис                                     

НУ Завод и музеј Битола

Тел:(047)233-187
Тел:(047)229-525

www.muzejbt.org.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Еден од најзначајните културно историски споменици во Битола, објектот на Старата турска касарна, денес е објект на Завод и музеј Битола. Објектот е изграден во 1848 год. кога Битола го доживувала својот најголем развој. Во тоа време објектот бил Воена гимназија, а тука се школувал кадетот Мустафа Кемал Ататурк - таткото на модерна Турција.
Во негова чест во 1998 година е отворена спомен соба. Музејот содржи трајна археолошка поставка со артефакти стари до 5 милиони години пред новата ера.


 

Музеј посветен
на евреите од Битола

Тел:(047)233-187
Тел:(047)229-525

www.muzejbt.org.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Музејската поставка за еврејскиот етнос во Битола поставена е во една од просториите во порталот на Еврејските гробишта во Битола. Самата поставка својата содржина ја темели низ фотодокументи, копии и друг пишуван материјал што го прикажува еврејскиот етнос кој 500 години живее заеднички со македонското население. Во најголем број фото материјалот изложен во оваа поставка потекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век. Презентирани се повеќе фамилијарни фотографии од видни еврејски семејства, фолклорни, спортски друштва, поединци рабини, занаетчии.


 

НУ Завод и музеј Прилеп

Тел:(048)401-090
www.muzejprilep.org.mk

Во рамките на Завод и музеј  работат следните одделенија: Одделение за Историја, Одделение за Архитектура,  Одделение за Историја на уметност,  Оддление за етнологија,  и Музеј на тутун. Улогата на Музејот во културниот живот е од огромно значење. Тој се јавува како институција која ги истражува,  валоризира и зачувува историските артефакти на територијата на градот Прилеп. Во рамките на својата дејност оваа институција презема теренски истражувања, прибирање на музејски материјал, евиденција, заштита и стручна обработка на музејскиот материјал, превенција и заштита на недвижното културно наследство како и публикување на научни и стручни трудови.


 

Музеј за тутун  Прилеп

Тел:(048) 434-011
Моб:(075)288-636
Тел:
(048)401-090

Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.


Музејот за тутун во Прилеп е раководен од Национална Установа „Завод и Музеј – Прилеп“, а функционирањето е плод на соработка со ЈНУ Институт за тутун – Прилеп. Единствен музеј е од овој вид на Балканот и еден од поголемите тутунски музеи во Европа. Отворен е 1973 година, по повод 100 години организирано тутуно производство во Прилеп (градбата на првиот магацин за откуп на тутун во Прилеп) и 400 години од присуството на тутунот во Отоманската империја (значи и во Македонија). Музејот брои 2584 експонати. Перманентна поставка на Музејот за тутун се наоѓа во Кругот на ЈНУ Институт за тутун – во зградата на Институт за старословенска култура.


 

Музеј на Илинденското востание

ул.Тоше Проески бб, Крушево
Тел:(048)477-126

 

Музејот е отворен на 2ри Август 1953 година по повод 50 годишнината од Илинденското востание и Крушевската република во адаптирана страрогратска куќа од 19 век  на браќата Томалевски каде била прогласена Крушевската република 1903 година. Во музејот се експонирани највредните документи од настанокот на градот и неговиот бунтовен дух, подготовките и текот на востението против турската империја. Во него сместени се оригинални експонати од оружје, карти, мапи, фотографии со што хронолошки се изнесени настаните поврзани со илинденската епопеја.


 

Музеј на НОВ

ул.Тоше Проески бб, Крушево
Тел:(048)477-126

Се наоѓа во близина на Платото од споменикот Илинден на месноста Гумење. Отворен е во 1988 год. и во него се сместени експонати кои сведочат за Народно Ослободителната Борба од 1941-1945 година. Во музејот доминира фреската Муралот (ѕидна фреска на фронталниот ѕид), на големиот мајстор на боите Борка Лазески, која го отсликува текот на војната. Во склоп на овој музеј спаѓа и летната сцена каде се одржуваат разни манифестации за време на Научни-културните средби ‘‘Десет дена Крушевска Република‘‘.


 

Збирка на реткости "Филип"

с.Крклино,Битола 
Тел:(047) 286-666 
Тел: (070) 312-146
www.muzejkrklino.mk

Етно музејот го сочинуваат повеќе простории: селска, градска, еврејска соба, и антикварница. Во сите овие простории може да се видат предмети кои се користеле во минатото, како алати за работа, прибор за домаќинството, покуќнина, и многу други разни стари предмети. Свое посебно место имаат и разновидното старо оружје: пушка кратка австриска, "Ремингтон 1864" американска. Разни пиштоли, сабји и ножеви. Тука се и разновидните музички инструменти: оргуља стара 208 години, хармоники, гајда, тапани, зурла и други. Како и колекција на народни носии од Битолскиот регион.Авто музејот го сочинуваат околу десетина автомобили почнувајќи од: "Симка Ариане" 1953г. "Опел Рекорд"; "Форд Таунус"; "Пежо 404"; "Плимут Валијант"; "Москвич"; "Опел Олимпија"; "Фиќо"; "Фолсваген Буба"; "Цитроен". Убаво наредени како војници во посебна просторија се наоѓаат окулу 24 мотори, кои ја поминуваат шестатa деценија на старост, ги има повеќе: "BMW", "DKW", "NSU MAKS" и други.


 

Леарница за куршуми   

Тоше Проески бб, Крушево
Тел:(048)477-126

Ова е местото каде за време на Илинденското востание се произведувало оружје и муниција за востаниците. Внатре се изложени дел од алатите кои се употребувале како и дел од оружјето кое било произведено тука.


 

Етнолошки музеј на Јоне Ефтимовски

с.Подмочани
Tел:(047)489-260

Етнолошкиот музеј, брои над 2000 уметнички предмети: накит, оружје, стари монети, предмети од домаќинство и преку 160 различни Македонски национални носии од разни региони на Македонија. Освен презентација на автентични предмети, посетителите на овој приватен музеј можат да купат и сувенири (кукли облечени во народна носија) изработени од семејството Ефтимовски, како и да ги пробаат специјалитетите на традиционалната преспанска кујна.

 

Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес

с. Смилево,
Демир Хисар
Моб:(075)298-688

Објект од поново време, пуштен во употреба 2004 година. Постојаната поставка која е во музејот се однесува на Смилевскиот конгрес од 1903 год., на животот и делото на револуционерот Даме Груев, на активностите на Партизанскиот одред "Дaме Груев" и етно соба  со предмети и носии од Смилево.


 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп