Imprimer Envoyer
There are no translations available.

Назив
Адреса и контакт
Опис

Спомен куќа
на Стив Наумов

Пецо Божиновски 11,
Битола
Тел:
(047) 233-187
Тел:(047) 229-525
www.muzejbt.org.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив на 4 јули 1961 година, а по повод Денот на борецот, отворена е за прв пат, откако објектот е реконструиран и адаптиран за ваква намена. Истата, во 2002 година е повторно обновена со содржина од нови експонати. Презентирани се документи и предмети што го следат животот и делото на херојот од неговото најрано детство (фотографии, документи, предмети тесно поврзани со животот на неговото пошироко семејство), а прикажана е и неговата револуционерна активност, се до неговото загинување на 12 септември 1942 година. Посета со претходна најава.


 

Спомен куќа
на Гоце Делчев

Стевче Патако 11,
Битола
Тел:
(047) 233-187
Тел:(047) 229-525
www.muzejbt.org.mk
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Во 1987/88, по извршената темелна реконструкција на објектот и изработениот елаборат, по повод 85 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев беше промовирана постојаната музејска поставка која содржи две изложбени простории со вкупна површина од околу 37 м2. Како составен дел на оваа музејска поставка, во собата во која престојувал Гоце Делчев и во која се одржувале состаноците, задржан е ентериерот со амбиентот во оригинална состојба, за да се наслика автентичноста на времето. Посета со претходна најава.


 

Градскиот саат
во Битола

Во центарот на градот

Oбјект кој гордо стои исправен во центарот на градот и ги пречекува генерациите жители и гости повеќе од 170 години. Саат кулата, најпрепознатливиот градски симбол. За изградбата покрај големите камења, биле употребени и 60 000 јајца за поголема цврстина. На висина од околу 32 метри е поставен најдекоративниот дел, часовник и тоа по еден од сите четири страни на кулата. Во 1927 година поставен е првиот бројчаник и механизам, а од 1970 година на секои 15 минути нова музика ги означува временските промени. Ова задоволство во светот го даваат само 180 големи часовници. Едниот од нив е во Битола.


 

Могилата на
Непобедените

Периферија на Прилеп

Споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во Паркот на револуцијата во Прилеп.


 

Градскиот саат
во Прилеп

Стара чаршија
во Прилеп

Приказната за Градскиот саат во Прилеп почнува во 1858 година. Во Прилеп велат дека овој им е новиот саат. Оти тој бил изграден над стариот дрвен, кој изгорел во голем пожар што ја претворил во пепел целата прилепска чаршија. Постарите прилепчани кои ги прераскажуваат приказните за Саатот што ги слушнале од своите баби и дедовци, велат дека вистинска чест било да се присуствува на пуштањето на Саат кулата. Пари за да се изгради Саатот дале сите жители од Прилеп, и чорбаџиите и сиромасите. Се давало кој колку и што имал. Според приказната, помош барала и локалната власт која од секое семејство побарала да подари најмалку по едно јајце за со нив да се направи цврст малтер кој и сега ги поврзува сивите камења од кои е изграден Градскиот саат во срцето на Прилеп, кој заедно со Чарши џамија која е само на неколку чекори од него и турскиот амам се најпрепознатливите амблеми на градот.


 

Спомен дом
на Блаже Конески

с.Небрегово

Во чест на Блаже Конески, човекот кој на модерен начин го опиша Македонскиот јазик во својата Граматика пред повеќе од половина век, е отворен Спомен дом во селото Небрегово, на  1 август, 2005 година. Спомен домот е уште еден од многуте храмови на македонкиот јазик и култура.


 

Споменик "Илинден"
Крушево

Тел:(048) 477-126

 

Споменикот е откриен на 2 август 1974 година, на денот на 30 годишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнината од Илинденското востание.Овој споменик денес е обележје и препознатлив симбол кој се поврзува со Крушево. Започнува со плато на кое се претставени раскинати пранги, продолжува преку криптата која е хронологија на значајните настани и личности од периодот пред, за време и по Илинден, до колоритниот мозаичен амфитеатар кој е предворје на куполата чија внатрешност импресионира со погледот на сите четири страни. Споменикот е дело на Јордан и Искра Грабуловски и ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.Воедно во овој споменик се наоѓа и гробот на Македонскиот револуционер и претседател на Крушевската република Никола Карев и биста на Тоше Проески.


 

Споменик
"Мечкин камен"

Крушево

Претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои скапо ги дадоа своите животи при одбраната на Крушевската Република.


 

Споменик "Слива"

Крушево

Споменикот е симбол на јунаштвото и саможртвата на македонските востаници при одбраната на Крушевската Република на 12 август 1903 година. Тој е длабоко врежан во душата и свеста на македонскиот човек.


 

Сарај

Дом на култура
"Драги Тозија"
Ресен
Тел:(047) 551-021
Моб:(071) 578-978
Cette adresse email est protégée contre les robots des spammeurs, vous devez activer Javascript pour la voir.

Изграден во почетокот на 20 век во времето на Младотурската револуција во стилот на неокласицизмот по примерот на француската архитектура, во која се наоѓа Домот на култура „Драги Тозија“ и Керамичката колонија. Во него се наоѓаат ударни експонати кои се типични за Преспа: чунови, икони, грнчарски предмети и археолошки артефакти, а исто така во просториите на Сарајот е сместена и комеморативната поставка на сликарката Кераца Висулчева, која ја збогатува културната и естетска слика на објектот


 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп