Печати Е-пошта

Назив                                                                                    
Локација и Контакт                                     
Опис                                             

"Меѓународно Графичко триенале"

Тел: 047/208-339

 

Меѓународното графичко триенале е најголема ликовна манифестација во Република Македонија. Се одржува на секои три години во периодот од септември до декември.
Свое учество имаат земено над 80 држави од цел свет со околу 5 000 уметници.


 

Изложба на маски

Плоштад Александрија,
Прилеп

Во склоп на карневалот Прочка околу 700 учесници од кои 400 од Македонија и 300 од странство дефилираат со своите оригинално подготвени поединечни и групни маски одразувајќи го мигот на живеење, традициите и пренесувајќи ги пораките на посебен креативен начин. По дефилето на бројните маски, стручното жири доделува награди за поединечни и групни маски, како и за најдобри детски маски и една награда за најдобра маска од странство.


 

Ревијална изложба на
украсни птици во Прилеп

Контакт:Горан Илиоски 
Претседател на друштво

Ревијалната изложба на украсни птици ја организира Друштвото на одгледувачи на украсни птици “Трагопан“ традиционално во средината на месец октомври. Се изложуваат над 150 експонати кои потекнуваат од целиот свет.


 

Изложба на детски цртежи
во Прилеп

Галерија на Дом на Култура
www.markocepenkov.com

Учество со авторски дела на тема КралеМарко. Поводот е традиционално одбележување на ДЕНОВИ НА КРАЛЕ МАРКО ВО ПРИЛЕП.


 

Комеморативна поставка на   сликарката Кераца Висулчева

Дом на култура
"Драги Тозија", Ресен
Тел:(047) 451-058

Постојана поставка на сликарката Кераца Висулчева, која своето комплетно сликарско дело го донираше во Р.Македонија односно во Домот на Култура „Драги Тозија“ во Ресен


 

 

Фреско - Икони

Демир Хисар                               Моб:(070)632-468

Самостојни изложби во повеќе градови во Македонија.


 

 

Денови на
македонската носија

Дом на културатa,
с.Кривогаштани
Тел:(048) 471-471

Фестивалот се одржува во центарот на Кривогаштани во месец март на кој се презентираат невестински, свечени и традиционални  носии од Гевгелиско, Струмичко, Радовишко, Делчевско, Тетовско, Струшко, од Кичево, Македонски Брод, Вевчани и од Пелагониско. Старите вековни народни носии и фолклорното богатство од сите краишта на Македонија ги претставуваат повеќе екипи од цела македонија.  Целта е да се покажат корените, традииците кои се длабоки на овие балкански простори, затоа организаторите планираат оваа манифестација да добие меѓународен карактер.


 

 

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп