Е-пошта Печати

"Сарајот" е место каде се одржуваат најголемиот број од културните манифестации во Ресен .Датира од почетокот на 20-тиот век. "Сарајот" е најрепрезентативен објект на старата градска архитектура во Ресен.

Во него се изложени експонати кои се типични за Преспа: чунови, икони, грнчарски предмети и археолошки артефакти, а исто така во просториите на музејот е сместена и трајна поставка на сликарката Кераца Висулчева, која ја збогатува културната и естетска слика на објектот.

Сликите од поставката можат да се видат секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот а за посетата не се плаќа влезница. Поставката и "Сарајот" можат да се посетат и во викенд со претходна најава.

www.domnakulturataresen.mk

 

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп