Е-пошта Печати

Хераклеја Линкестис е древен град од предримскиот период изграден околу IV век п.н.е., основан од страна на македонскиот крал Филип II Македонски. Сместен е на јужната градска периферија под планината Баба, на патот Виа Игнација. Мозаиците се главната карактеристика на овој антички град, а тука се пронајдени повеќе сакрални објекти, како Малата и Големата Базилика, бања и театар од римско време, градска чешма на Јустинијан од 6 век, голем број статуи меѓу кои првосвештеникот на Хераклеа - Тит Флавиј Орест и статуата на богинката на правдата и судбината – Немеза. На овој антички локалитет сеуште се вршат ископувања, а досега се протега на површина од 13 илјади квадратни метри. Во амфитеатарот се одржуваат голем број концерти и културни настани, особено во летниот период.

Може да се посети од 08:00 до 16:00 часот. Влезницата за домашни туристи е 50 денари, за странски е 100 денари, а за деца 20 денари. За поголеми групни посети може да се обезбеди разгледување со туристички водич.

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп