Е-пошта Печати

Светскиот тренд на рекреација во природа со велосипед е присутен и во Пелагонија. На територијата на Мариовскиот регион обележани се четири велосипедски патеки. За истите постои и електронска мапа изработена во соработка со велосипедско друштво од Скопје. Овие патеки претставуваат одлична можност за сите рекреативци и професионалци кои своето слободно време сакаат да го поминат во недопрена природа , истовремено запознавајќи ги убавините на овој историски крај.

Патеките кои се обележани, по своите карактеристики одговараат и на можностите на професионалците и на можностите на аматерите-авантуристи. Пределите низ кои тие поминуваат се делумно ридски, а делумно рамничарски. Чистиот воздух во комбинација со незагадената природа гарантираат задоволство без вложување огромни напори. Пејзажите  кои ги пратат овие патеки,  создаваат воодушевување и несекојдневно искуство.

http://www.bikestop.com.mk/index.php?option=com_morfeoshow&task=view&gallery=36

 

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп