Е-пошта Печати

 

Во југозападниот дел  од Република Македонија помеѓу Преспанската котлина на запад и Пелагониската котлина на исток се наоѓа планината Баба со врвот Пелистер (2601м надморска висина).
Заради природните убавини што ги сочинуваат шумите на борот – Молика, како реликт на терциерната флора, гранитните маси од кои е изграден Пелистер и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината, во 1948 год. со посебен закон, Пелистер е прогласен за прв Национален парк во Република Македонија и поранешна Југославија, што има големо значење  во културната историја на Македонскиот народ.

Пелистер има развиена хидрографска мрежа, така што ова подрачје изобилува со извори, потоци и планински реки, а има и две глацијални езера. Пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат. Едни од водите течат кон Преспанското Езеро и припаѓаат на Јадранскиот слив, а други преку Пелагонија, на Егејскиот слив. Од високите планински била кон околните котлини се спуштаат 23 речни текови. Тие имаат изразит планински карактер. Најдолг водотек на Пелистер со должина од 46км е реката Шемница.

Од хидрографските објекти, со посебна привлечност се двете глацијални езера - Големото и Малото Езеро на Пелистер, познати како "Пелистерски Очи". Големото Езеро лежи на надморска височина од 2218м. Тоа е едно од највисоките глацијални езера во Македонија. Се протега во правецот север-југ. Зафаќа површина од 4.2ха.  Долго е 223м, широко 162м, со длабочина од 14.5м. Малото Езеро лежи на 2180 м. н. в. Се наоѓа во изворишната челенка на Црвена Река. Долго е 79м, широко 68м, со длабочина од 2.6м. Оддалечено е околу 2км од Големото Езеро, во северозападен правец.

Националниот парк Пелистер е оддалечен 15 км. од Битола. Неговата површина изнесува – 12.500 хектари со надморска височина од 700 до 2.600 м. Посетителите на Пелистер можат да се сместат во комерцијални  сместувачки објекти или во планинарски домови.

www.nppelister.org.mk

 
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп