Envoyer Imprimer
There are no translations available.

На 04.10.2013 година во ресторанот Галакси во Претор беше означен почетокот на проектот “Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителските објекти во Пелагонискиот регион”, финансиски подржан од Министерството за Локална Самоуправа преку Бирото за Регионален Развој. Носител на проектот ќе биде Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На свеченото отворање на проектот присутни беа Министерот за локална самоуправа на РМ, Градоначалници од Пелагонискиот регион, преставници на оштинските администрации и понудувачи на туристички услуги од деветте Пелагониски општини.


Главната цел на проектот е да се подобри туристичката понуда на Пелагонискиот регион преку доследна имплементација на законската регулатива во делот на туризмот и угостителството.


Директни корисници на проектните резултати ќе бидат сите чинители на туристичката понуда во Пелагонија.

 
SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп