Патека:Брајчино-Големо езеро-Нижополе

Е-пошта Печати

Драг вљубенику во природата,
ГОЛЕМО ЕЗЕРО
Локацијата на која се наоѓа е една од најпосетуваните дестинации на професионалните и аматерските планинари од целиот свет. Постојат повеќе причините за тоа но најважната од сите е фактот дека ова е најатрактивниот дел од планината односно срцето на строго заштитената зона од најстариот Национален Парк во земјата и пошироко - “Пелистер“. Големо Езеро, заедно со Малото Езеро, кое се наоѓа во негова непосредна близина, заради својата убавина популарно се наречени “Пелистерски очи“.  Големото Езеро оформено на висина од 2218 м, претставува едно од највисоките глацијални езера во Македонија. Неговата најголема должина изнесува околу 230 метри, ширината  162 м., а длабочината достигнува до 14,5 метри. Проѕирноста на водата со синозеленикава нијанса достигнува до 12 метри. Температурата на површинскиот слој во текот на јули и август се движи меѓу 13 и 17°С, додека во есенскиот период езерото замрзнува и останува под мраз во текот на наредните седум месеци.
Планинската куќа пред тебе има капацитет од околу 50 кревети. Во неа е можно да се престојува во деновите на викенд. Во други денови како и во зимскиот период потребна е претходна најава и договор со лицето задолжено за одржување на објектот. Најпрецизни информации околу сместувањето во планинската куќа на Големо Езеро можете да добиете во планинарскиот спортски клуб “Пелистер“ – Битола, кај Петар Нолев  со тел. број 075/ 458-782
До и од Големо Езеро водат повеќе пешачки патеки.
-Најфреквентна е патеката која почнува над Нижеполе преку Дебел Рид, во должина од 5,5 км. Од оваа населба до Големо Езеро се стигнува и од скијачкиот центар над Нижеполе по течението на реката Сапунчица и Орлови Бари.
-Во поново време се попопуларна станува патеката помеѓу Брајчино во преспанскиот дел и Големо Езеро.
-Мошне живописна е и патеката од селото Маловишта по течението на реката Шемница па преку месноста Два Гроба и Малото Езеро  до Големо Езеро.
-Од Големо Езеро се пешачи и до планината Неолица, преку Муза и Скрково. Од Неолица по  маркирана  патека за околу 2 часа се  пристигнува  во  Ореово, од каде се спуштаме кон  Буковскиот и Крстоарскиот манастир.       
- Патеката Големо Езеро – с.Велушина оди преку Орлови Бари, врвот Грива па под возвишението Муза по сртот на Баба. Потоа се исклучуваме по шумскиот пат за с.Острец и оттаму се спуштаме во с.Велушина до манастирот Св. Ѓорѓи.
- Препорачлива дестинација од Големо Езеро претставува и искачувањето на највисокиот врв на Баба Планина – Пелистер со 2601 м. каде што се пристигнува  по патот кој води преку Малото Езеро.
Една од причините за големата атрактивност на Големо Езеро е исто така и неговата           гео-стратешка положба, односно фактот дека оваа локација претставува крстосница и   можност да се стигне до речиси сите делови на Баба Планина по обележани планинарски патеки.
Низ планината исцртани се огромен број патеки, но ние ги предлагаме оние со најизразени туристички вредности заради својата културно – историска вредност:
Патека: Трново – Магарево – Ротино – Цапари – Маловишта
Патеката претставува дел од античкиот пат "Via Еgnatia". Од селата Трново- Магарево, преку Ротино и Цапари се протега до спомениците во acheter viagra pas cher usa селото Маловишта и неговата околина.
За посетителите кои ќе сакаат да уживаат viagrasansordonnancefr.com повеќе од еден ден на оваа патека, како ноќевалиште можат да послужат конаците од манастирите Св. Богоридица во Трново (контак: Ставре Мицевски, тел. 047/293-275); Св. Петка во Цапари (контакт: Ристе Лумаковски, тел.076/407-662) и Св. Ана во Маловишта(контакт за посета: Анастас Палигора,тел.047/288-056, или Ташко Бего, тел:047/288-545). Во реонот на селата Трново, Магарево, Дихово и Нижеполе постојат мали хотели како и можност за сместување во адаптирани објекти.
Патека: Маловишта - Св.Ана - Сливнички манастир
Пешачењето по оваа патека започнува од селото Маловишта, до кое се стигнува преку магистралниот пат Битола - Ресен. Патеката започнува по калдрмисаната улица во селото и продолжува кон манастирот Св.Ана (контакт за посета: Анастас Палигора, тел.047/288-056, или Ташко Бего, тел:047/288-545). Оваа делница се поминува во времетраење од околу 1 час. Од манастирот Св.Ана продолжувајќи низ буковата шума се стигнува  до месноста Кодро за околу еден час. Движењето од Кодро кон Сливничкиот манастир предвидува 3 часа пешачење низ шума. Покрај посетата на Сливничкиот манастир (контакт за посета: Ацо Наумовски, тел. 071/834-578),  добро е да се види и црквата Св. Ѓорги над селото Курбиново (контакт за посета: Митко Ристевски, тел. 071/288-819).

Патека: Грнчари-Курбиново-Сливница-Брајчино-Љубојно-Долно Дупени
Патека е во должина од приближно 25 километри. Започнува кај селото Подмочани во близина на Ресен и се движи покрај брегот на Преспанско езеро. Патеката може да се помине и со возило, но заради културното наследство кое е присутно во овој предел препорачливо е истата да се испешачи.
Во непосредна близина на повеќето од манастирите вдолж оваа патека, извираат бистри планински води за кои локалното население верува дека се свети и лековити. Од таа причина оваа патека ја нарековме и патека по свети води.
Патека:  Брајчино – Големо Езеро – Нижеполе
Патеката започнува од излезот на селото Брајчино кон планината Пелистер. По околу 2 км. оддалеченост од селото ја преминува рекичката преку мостот во непосредна близина на црквата Св. Илија. По напуштањето на атарот на селото, се упатува кон седлото пред Орлови Бари и оттаму преку т.н. Француски пат води до Големо Езеро. Времето потребно за да се изоди целата патека со должина од 17 км. е околу 6 часа.
Повеќе информации за Планинарскиот дом на Големо Езеро и за сместувањето во него може да се добијат во планинарскиот клуб “Пелистер” од Битола, кај Петар Нолев на тел. 075/458-782.
Постои и патека од Големо Езеро до Нижеполе преку Дебел Рид, која е релативно пократка од другите (5.5км) и може да се помине во времетраење од нецели два часа.

Значајни верски и културно-историски објекти до кои можете да стигнете одовде се:
-    Св. Петка, Св. Ана и Св. Спас во село Маловишта
-    Манастирот св. Богородица во село Сливница
-    Црквата Св. Ѓорѓи во село Курбиново
-    Манастирот Св. Илија во село Грнчари
-    Црквата Св. Петар и Павле во село Љубојно

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп