Патека по светите води

Е-пошта Печати

Патека:  Грнчари-Курбиново-Сливница-Брајчино-Љубојно-Долно Дупени.


Патеката има должина од приближно 25 км. Започнува кај селото Подмочани и се движи покрај целиот  источен брег на Големото Преспанско Езеро. Сите 14 селски населби кои денес егзистираат на  потегот се  нанижани со  регионалниот пат Р - 505, Макази-Маркова Нога. До Макази се пристигнува по магистралниот пат М – 5,  Битола – Ресен. Со возило, до било која од овие населби може да се пристигне за кратко време. Најјужно населено место во Р. Македонија е селото Д. Дупени. Низ повеќето од овие села или во нивната непосредна близина сочувани се бројни археолошки локалитети и материјални остатоци од најстарите периоди на човечката историја  до најнови времиња.
Некои од  православните храмови според своето значење и уметничките дострели се вклучени во редот на највредните достигнувања на старата уметност во Р. Македонија но и пошироко. Како исклучително значајно се наметнува фреско сликарството нанесено во внатрешноста на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново од 1191 година. Незаборавни впечатоци создава и посетата на Сливничкиот манастир од 17 век. Важни уметнички остварувања од постариот период поседуваат манастирските цркви Св. Илија над селото Грнчари и Св. Петка во Брајчино. Селата Љубојно и Долно Дупени се карактеристични по многуте светилишта во нивната близина. Според староста тие се датирани од првата половина на 17 век до почетокот на 20 век. 
Патувањето низ предложените дестинации можете да го организирате со возило или истото да го реализирате со рекреативно пешачење. Тоа е возможно бидејќи по меѓусебното растојание  од 4 - 5 км. на теренот  постојат  маркирани планински патеки поставени паралелно со асфалтниот регионален пат. Во тој случај, многу подолго и непосредно ќе уживате во она што го нуди  овој прекрасен пејзаж, оформен во комбинација од планинскиот предел и езерската површина.

Постои уште една многу важна карактеристика поврзана со наведените манастири. Во непосредна близина на повеќето од нив, длабоко од внатрешноста на Пелистер извираат бистри планински води за кои верниците и локалното население веруваат дека се свети и лековити. Масовната посетеност на овие светилишта за деновите на храмовите слави се должи и на верувањата во лековитоста на овие извори кои во минатото но и денес им помагаат на верниците при лечењето од разни болести и добивањето пород во семејствата. Таков е случајот со изворите во Св. Илија во Грнчари, Св. Богородица во Сливница, Св. Петка во Брајчино, Св. Петар и Павле во Љубојно итн. Затоа, оваа патека е а наречена патека по светите води.


Грнчари
Откако по регионалниот пат кој води од месноста “Макази“ ќе се упатиме кон југ, по должината на источното преспанско крајбрежје, за само изминати 5 км. низ населбата Подмочани ќе пристигнеме во селото Грнчари.
Попатно, присуството  во селото Подмочани можеме да го искористиме за  посета на вредната музејска поставка, составена од богата колекција на народни носии и етнолошки предмети. Збирката претставува резултат на повеќедеценискиот ангажман на Јоне Ефтимовски, сопственик на музејот. Посетата на овој музеј, може да се најави на тел: 047/489-260.  Тука истовремено  се нудат сувенири со етно мотиви а препорачливо е да се проба и дел од традиционалната преспанска кујна.
Од селото Грнчари за да го посетиме познатиот манастир Св. Илија, се насочуваме кон исток, кон падините на Баба. Земјениот пат можеме да го поминеме со теренско возило cialis или со пешачење. Со испешачени 3 км. по  умерена угорнина, до светилиштето ќе пристигнеме за околу 40 минути.
За сите информации во врска со престојот и можноста за добивање на храна во овој манастир, треба да се обратиме кај Крсте Ѓорѓиовски во селото Грнчари, на тел 047/ 480-268.
Коплексот на манастирот го сочинуваат црквата, новите конаци, манастирската трпезарија, фурната, камбанаријата и  чешмата со лековита вода. Во овој манастир постои можност за ноќевање, подготовка на храна и конзумирање на разновидните преспански специјалитети. Манастирот најмасовно е посетен за време на црковната слава, вечерта на 01 и во претпладневните часови на 02 август, кога доаѓаат верници од поширокиот регион.
Црквата Св. Илија, претставува мала еднокорабна градба со тространа апсида на источната страна. Во црквата постои слоевито нанесено сликарство од повеќе различни временски периоди. Врз основа на стилската и иконографската анализа, најстарите фрески од оваа црква се датираат во 13 век, што и дава на оваа црква  посебно културолошко значење.

Курбиново
Наредна многу важна дестинација при патувањето по источното Преспанско крајбрежје кон југ, претставува црквата Св. Ѓорѓи, лоцирана во пазувите од планината, над селото Курбиново кое е оддалечено од селото Грнчари по регионалниот пат само 4 км. Од Курбиново до старата црква води тесен асфалтен пат во должина од околу 3 км. 
Црквата Св. Ѓорѓи според својот надворешен изглед, со релативно скромните  димензии (15 м. долга и 7 м. широка), со крајно едноставниот конструкција и без посебни архитектонски карактеристики, на прв поглед не оддава впечаток на некаков исклучително значаен споменик. Меѓутоа, со нејзиното прецизно датирање кое било изведено дури кон средината на 20 век,  стана сосема јасно и очигледно дека ова сликарство потекнува од 1191 год. односно од времето на владеачката византиска династија на Комнено-Ангелите, според кои сликарството од нивното време го добило името Комненски стил. Денес преовладува мислењето дека фреските во црквата според своите стилско-ликовни карактеристики се примери на највисоките дострели  во доменот на монументалното сликарство во источнохристијанската уметност. Сликаната програма во скромните димензии на оваа градба е сведена на најбитните претстави. Во првата зона се насликани поединечните претстави на поважни светители претставени во цел раст. Над нив се циклусите кои ги илустрираат Христовиот живот и страдања. Од локално почитуваните светители би ги издвоиле претставите на св. Кирил и Методиј, св. Климент Охридски, св. Ахилиј Лариски и св. Марена. 
Префинетоста на тоновите нивните деликатни поврзувања како и употребата на сенките создаваат впечаток на богата палета базирана на многу малку нијанси на бои. Сите наведени елементи како и применетата техника на фреските, зборуваат за едно врвно мајсторство, изведено со голем осет, внимателност и неверојатна прецизност.
Посетата на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново потребно е да се најави кај Митко Ристевски,  од истото село, на тел.071/288-819. 

Сливница
Манастирот посветен на Раѓањето на Св. Богородица над селото Сливница, е значаен манастирски комплекс во преспанскиот регион. Овде со векови, секоја година на 20-21 септември на денот на Раѓањето на св. Богородица, доаѓале верниците од сите преспански села, но и од селото Маловишта од другата страна на Баба Планина.
Манастирт се наоѓа на 4,5 км над селото Сливница, на надморска висина viagra sert a quoi од околу 1300 м. Денес од селото до манастирот се пристигнува мошне едноставно и брзо по тесниот асфалтен пат. Дел од конаците на манастирот се обновени и истите можат да се користат за ноќевање на посетителите и верниците..
Своето доаѓање посетителите треба да го најават кај Ацо Наумовски на тел. 071/834-578.
Манастирската црква е изградена и осликана во 1607 година. Таа претставува мала еднокорабна градба со едноставен кров на две води, без куполи и било какви украси на фасадите. Многу важна содржина на оваа црква е нејзинот ѕидно сликарство. Тоа е сочувано речиси во целост и претставува еден од најзначајните репрезенти на сликарството од поствизантискиот период во Македонија воопшто. Од сликаните композиции вниманието посебно го привлекуваат: најстарата заедничка претстава  од 1712 г., на најпознатите словенски просветители или на Седмочислениците како што се нарекуваат во науката претставите на св. Кирил, св. Методиј, св. Климент, св. Наум, св. Сава и св. Ангелариј. Иконостасот во црквата е исто така сочуван во својата изворна состојба, каков што бил во првите децении од 17 век. Од неговата содржина вниманието го привлекуваат средишните таканаречени Царски двери и големиот крст, поставен како завршница во горниот дел.

Брајчино
Над источниот брег од Преспанското Езеро, на 1000м. н.м.в се наоѓа селото Брајчино. До Брајчино се пристигнува по регионалниот пат кој доаѓа од месноста “Макази“ издвојувајќи се од магистралниот пат Битола - Ресен. Овде, како и во соседните населби Љубојно и Д. Дупени постои можност за сместување во повеќе селски куќи со стара архитектура  кои го негуваат  духот на старата македонска традиција. Во нив и во неколкуте угостителски објекти, може да се добие специфична понуда на разновидни преспански специјалитети, како дел од традиционалната македонска кујна. Локацијата на селото нуди повеќе можности за прошетки низ убавите предели на Баба планина. Во самата населба се сочувани бројни примери од старата селска архитектура, интересна за посетителите. Од црковните споменици во селото, сочувани се црквите: Св. Никола од 1871 год., Св. Илија од 1919 г., Св. Јован, Св. Атанасие, но како најзначаен споменик, познат и пошироко би го издвоиле манастирот посветен на римската маченичка Св. Петка. Дополнителни информации за престојот во манастирот може да се добијат кај лицето Миле Нивички, на тел. 075/649-038. 
До ова светилиште се пристигнува по пешачка патека за околу 15 минути. Иако манастирот не е активен,  во неговите соби е можен престој за околу дваесеттина посетители преку целата https://www.acheterviagrafr24.com/ou-acheter-du-viagra-au-quebec/ година. По договор, во манастирската кујна е можно да се организира подготовка на традиционални јадења карактеристични за ова место. Од познатите брајчински специјалитети би ги издвоиле: рибина чорба со киселец, зелник, полнетите суви пиперки, тавче графче, сарма од лозов лист, мусака итн.
Во непосредна близина на северниот ѕид од светилиштето е познатиот извор со света вода, која меѓу верниците се смета за лековита.


Љубојно
Сместено на висина од 920 м. и растојание од околу 2 до 2,5 км од селата Брајчино и Долно Дупени, тоа заедно со нив претставува средиште на многу збиднувања од значење за културниот и стопанскиот живот во Преспа. Добар дел од традиционалната  архитектура на селото  е сочувана до денес во својата изворна состојба, како сведоштво за некогашниот економски просперитет и културата на живеење на овој простор.
Во близина на селото, на една височинка до која може да се пристигне по шумската патека и пешачење од околу 30 минути се наоѓа црквата посветена на Светите апостоли Петар и Павле. Самата црква претставува интересна градба подигната во 1923 година. Во непосредната близина е лоцирана црковната чешма а на влезот во комплексот се извишува камбанаријата, од каде може да се разгледа панорамата на долината и езерото. Во време на прославувањето на денот посветен на светите апостоли или на Петровден како уште го нарекува локалното население,  во кругот на црквата се организира масовен собир на верниците кој почнува вечерта на 11 јули а завршува во утринските часови на 12 јули.
Главен и најмасовен настан кој во текот на годината се организира во Љубојно и во цела Долна Преспа е Илинденската прослава  од 01 и 02 август, на која присуствуваат  голем број на иселеници од овие краишта.
Храмот Св. Јован од 1861 год., функционира како главна црква во селото за потребите на верниците. Со еден мал параклис се негува култот на св. Марена кој е многу значаен за преспанско-охридскиот регион. Во селото има уште неколку цркви обновени во 20 век.
Поконкретни информации за престојот во ова село и можноста да се посетат црквите можат да се добијат кај Тони Милевски на тел. 070/978-502.

Долно Дупени
Селото е лоцирано на јужниот дел од источниот брег на големото Преспанско Езеро, на надморска висина од 900 метри. Долно Дупени е најјужно населено место во Република Македонија. Постарата локација на оваа населба, меѓу мештаните позната како Горно Село, се наоѓа нешто погоре во планината на потегот помеѓу црквите Св. Богородица и Св. Атанасиј. До неа може да се дојде со пешачење  од околу половина час. Овде сеуште се видливи остатоци од старите куќи, оградните ѕидови, гробиштата а целосно се сочувани само двете споменати цркви, кои несомнено некогаш биле дел од оваа стара населба.
Црквата Св. Атанасиј претставува еднокорабна градба со апсида на источниот дел и покриена со едноставен двосливен кров. Во нејзината внатрешност на повеќе места под ѕидното сликарство од 19 век се забележуваат остатоци од постари фрески кои според стилските карактеристики потекнуваат од 17 век. Горниот слој на живопис според натписот на јужниот ѕид е насликан во 1864 год. Црквата поседува интересна збирка на икони  хронолошки и стилски поврзани со постариот слој на фрески врз ѕидовите.
Храмот посветен на Св. Богородица е изграден подоцна и е пример за градителските активности, иконописот и црковната резба во почетокот на 20 век. Во кругот на овој храм се одвива  селската слава, на која се одржува голем народен собир.
На денешната локација на селото Д. Дупени постои уште една интересна градба посветена на Св. Архангел Михаил. Во неа е поставен иконостас со икони од втората половина на 19 век.
Дополнителни информации за посетата на црквите во с. Д. Дупени можат да се добијат кај Стојан Макаровски на тел. 047/482-065.







 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп