Е-пошта Печати

Споменикот е отворен на денот на 30 годишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнината од Илинденското востание. Денес тој  е неизбежен дел на секоја туристичка тура во Крушево и препознатлив симбол на градот.

Започнува со плато на кое се претставени раскинати пранги, продолжува преку криптата која е хронологија на значајните настани и личности од периодот пред, за време, и по Илинденското востание, до  мозаичниот амфитеатар кој е предворје на куполата чија внатрешност импресионира со својот изглед. Споменикот Илинден  ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Во овој споменик се наоѓа и гробот на Македонскиот револуционер и претседател на Крушевската република Никола Карев. Дел од споменикот е и биста на Тоше Проески. Споменикот Илинден може да се посети секој работен ден,  а при неговото viagra sert a quoi разгледување може да се користат услугите на кустос.

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп