Е-пошта Печати

 

Стибера, или како што археолозите сакаат да ја викаат Македонска Помпеја, е еден од најголемите антички градови во Македонија, а истовремено, и еден од најатрактивните антички градски населби. Според римскиот историограф Ливие, македонскиот крал Персеј во 169 г. п.н.е тргнал во борба против Илирите токму од овој acheter viagra антички град. Стибера се наоѓа во близина на прилепското село Чепигово, а нејзините остатоци лежат на јужните падини на ридот Бедем во чие  подножје се слева рекичката Блато во Црна Река viagra sert a quoi (Еригон). На овој простор пронајдени се разновидни мермерни украси, статуи и бисти, меѓу кои и статуата на божицата Тихе на постамент со натпис. Храмот на овој антички град се состоел од наос и предворје. Неговите ѕидови биле изградени од кршен камен и цврст малтер, а темелите биле цврсти и масивни. Начинот на градење на наосот е типично римски. Од откриените архитектонски градби се издвојува античкиот гимназион, кој се состои од две одделни градби: Хероон - со светилиште и Перистил - со предворје и екседра. Науката нема дадено точен одговор https://www.viagrasansordonnancefr.com/achat-viagra-en-ligne/ кога е изграден овој антички град, меѓутоа се претпоставува дека Стибера била изградена во времето на големиот војсководец, македонскиот крал Филип Втори. На терен, во тек се  крупни зафати за негово целосно откривање и целосна валоризација.
До Стибера лесно може да се стигне најпрво преку магистралниот пат Битола - Прилеп до село Тополчани, а оттука преку локален пат до село Чепигово, во чија близина се наоѓа локалитетот.

 
~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп