Envoyer Imprimer

 

Во Пелагонискиот регион постојат одлични услови за спортско-рекреативен риболов. Најчесто се лови белвица, крап и сом, како и други езерски ситни риби. На реката Црна има места за спортски риболов од нејзините извори до селото Света.  Спортски риболов е дозволен и во малите акумулации Стругово и Суводол 1 и Суводол 2.

Во мариовскиот крај најмногу се лови риба на реката Црна и нејзините притоки. Најпознати места за риболов се Сивиот и Стојчевот вир под селото Ивени. Овде се лови сом и крап и познатата мрена. Кај селото Градешница во реката Црна се влива реката Белоца која е богата со речна пастрмка. Кај селото Рапеш Црна Река е богата со сом , крап, клен, лилјан и мренка

Од аспект на рибарство од поголемо значење за овој простор се низинските реки, Шемница и Црна Река во кои се застапени следните видови риба: крап, црвеноперка, клен, скобуст, сом, костреж и др.
Овие реки во суштина претставуваат спортско риболовни

подрачја.

 

 
SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп