Envoyer Imprimer
There are no translations available.

 

Пелагонискиот регион е еден од деветте плански региони во Република Македонија. Регионот на Пелагонија се состои од 9 општини и тоа: Битола, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Прилеп и Ресен. Пелагонија се простира помеѓу 550 и 900 м. надморска височина во ниските предели, па се до 2.601 м. надморска височина на највисокиот врв во регионот, врвот Пелистер. Исто така Крушево и областа околу градот се наоѓаат на надморска височина од 1.200 м. Земјоделството и индустријата се најразвиени гранки во Пелагонија, што ја прави конкурентен регион не само во Македонија туку и на Балканскиот полуостров.  Поврзаноста на Пелагонија со другите региони е одлична. Со Југозападниот регион е поврзана преку магистралниот пат Ресен - Охрид, а со Вардарскиот регион е поврзан со магистралниот пат Прилеп - Градско и со железничката пруга Скопје - Битола. Сите општини помеѓу себе се поврзани целосно преку патна инфраструктура а некои од нив и преку железничка инфраструктура. Во близина на Пелагонија се наоѓа Охридскиот аеродром "Свети Апостол Павле".

Туризмот како дејност, на овој простор има длабоки корени и долга традиција. Комбинацијата од природни богатства, културно наследство, заедно со традицијата и гостопримливоста на луѓето го прават еден од најатрактивните региони на Балканот. Редовно е посетуван од домашни и странски туристи кои уживаат во еколошки најчистата средина на Балканскиот полуостров.

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

SPONSORS

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп