Е-пошта Печати

Пелагонискиот регион е исклучително богат со природни реткости и убавини. На негова територија се два од трите национални паркови во Република Македонија кои во себе содржат голем број заштитени видови флора и фауна. Освен националните паркови, во овој регион постојат и неколку заштитени подрачја со специфични содржини. Пештерите ги има во голем број но само неколку од нив се достапни за туристите. Природата и природните богатства се најголема причина за посетеноста на овој регион.

Националниот парк "Галичица" се наоѓа во западниот дел од регионот. Прогласен е за национален парк во 1958 година заради зачувување на природните богатство кое е дел од него. Најкарактеристичен животински вид кој живее во паркот е Балканскиот рис (lynx lynx martioni), чија што бројка на единки се проценува дека е околу 30-35 единки на територијата на Република Македонија. За посетителите на паркот обележани се рекреативни патеки кои туристите ги користат за разонода и рекреација.

Националниот парк "Пелистер" е лоциран во југо-западниот дел на Пелагонија, во близина на градот Битола. Прогласен е за национален парк во 1948 година заради зачувување на флората и фауната која расти и живее на негова територија. Карактеристични претставници на растителниот и животинскиот свет во паркот се: борот Молика и Пелистерскиот рис. Туристичко-рекреативната зона на паркот која е наменета за туристите дава можности за одмор и рекреација во зимскиот и во летниот период од годината.

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп