Е-пошта Печати

На територијата на Пелагонискиот регион постојат услови за спортско-рекреативни активности како што се лов и риболов. Ловот се одвива во  планинските ловишта на Галичица, Караорман, Ниџе или Баба, а риболовот на реките Црна, Градешка, и природните и вештачките езера. За оние со рекреативен дух постојат обележани велосипедски и рекреативни патеки во еколошки чисти и незагадени средини.

Спортската култура и спортскиот дух се дел од културата на луѓето во Пелагонија. Фудбалот, кошарката, ракометот и другите спортови имаат долга традиција и посебно место во животот на Пелагонија. Голем број врвни спортисти токму тука го започнале својот пат кон светска кариера. Во градовите и селата се одвиваат спортски настани и спортски манифестации во текот на целата година. Несебично давајќи ја својата поддршка на спортистите, публиката која доаѓа на овие случувања масовно, создава уникатна атмосфера. Спортски настани кои заслужуваат внимание се прволигашките средби во ракомет, турнирите во мал фудбал и кошарка, и секако регионалните дерби натпревари од првата фудбалска лига кои имаат традиција долга повеќе децении.

Можноста за летање со параглајдер е дел од туристичката понуда на Пелагонија. Ова се однесува и на професионалците и на аматерите, но и на оние кои сакаат за прв пат да го искусат ова адреналинско доживување. Во регионот постојат неколку клубови кои целосно се посветени на овој спорт, и чии што членови редовно се дел од светските натпреварувања каде бележат најдобри резултати.  Овој спорт се одвива на падините и врвовите на планинските масиви, а најпознато и најкористено од сите е залетиштето на Бушова планина во близина на Крушево.

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп