Е-пошта Печати

Пелагонискиот регион е лулка на македонската култура и традиција. Луѓето што живееле тука со својата дејност оставале значаен белег на времето што го живееле. Културата низ вековите е видлива и денес и таа претставува особена гордост на жителите на овој регион.

Пелагонија претставува ризница на македонската култура. Тука низ вековите се создавала и негувала македонската традиција и голем дел од материјалното и нематеријалното богатсво на македонскиот народ. Денешната култура на луѓето од Пелагонија се раѓала и развивала низ вековите под влијание на најразличните цивилизации кои живееле тука и кои оставиле свој траен белег на модерното живеење. Почнала да се развива уште со првите населувања на овој регион, кои датираат од доцното бронзено доба. Во Римско време доживува процут, а доказ за тоа се големиот број на градби, населби, и објекти кои се градени тогаш, а се зачувани до денешен ден.

Со населувањето на Словените, тие ја донесле својата култура која под влијание на културата на населението кое живеело во тој период во Пелагонија секојдневно трпела  модификации. Заради новонастанатата потреба од подобрена комуникација помеѓу различните народи кои живееле на една територија се создала потребата од унифицирана писменост. Во овој период од историјата најпрвин е создадена глаголицата, а потоа и кирилицата, како писмо кое се користи и во денешно време.

Во времето на Византија процут доживеала материјалната култура, зашто во овој период биле создадени голем  број на цркви, манастири, и други световни објекти кои сеуште ја исполнуваат својата намена како духовно прибежиште на сите верници.

За време на Отоманската империја регионот се наметнува како административен и трговски центар што секако дека се одразува на културата кој се создавала во тој период, а чии што белези и влијанија се пресликани во секојдневниот живот на модерниот човек.

Денес, во Пелагонија интензивно се создава и се негува култура која што е специфична само за овој дел од Македонија, а која во голема мера придонесува за забрзан развој и напредок на општите цивилизациски придобивки.

 

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп