Е-пошта Печати

Гурманските карактеристики на македонската кујна надалеку се познати и прочуени. Овде, во Пелагонија, како никаде на друго место доаѓаат до израз традицијата и мајсторијата на македонското кулинарство. Традиционалните ресторани подготвуваат македонски јадења, а оние кои сакаат да пробаат јадења од интернационални кујни постојат автентични пицерии, тајландски и кинески ресторан.

Пелагонија има долга традиција во подготвувањето на кулинарски задоволства. Низ вековите, многу цивилизации уживале во тоа што го раѓала нејзината плодна земја.  Денеска, Пелагонија е земјоделски центар на Македонија, исполнета со прекрасен спектар на прехранбени производи, создадени под влијание на Медитеранот и климата на Централна Европа. Пелагонија може да понуди голем избор на производи, почнувајќи  од агруми, грозје, тутун, зеленчук, овошје па се до планински чаеви.

Пелагонија е позната по производство на говедско, пилешко, свинско и јагнешко месо. Езерата и реките во Пелагонија се богати со најразлични риби. Најпознат од сите е Преспанскиот крап.

Пелагонија е особено позната по своите сирења: меко бело сирење, кашкавал, и јогурт и млеко. Голем дел од Пелагониските села нудат уникатен и локален вкус на овие млечни производи.

Традиционалнита Пелагониска кујна е комбинација со балканските и медитеранските јадења, а некои специјалитети, како на пример "таратур" (салата со јогурт и краставици), "пинџур" (салата со пиперки и патлиџани), и познатата баклава се карактеристични за Балканската кујна воопшто.

Пелагониските  јадења како "ѓомлезе", "Шопска салата" (салата направена од исечени домати, краставици и кромид, прелиена со меко бело сирење), "селско месо" (парчиња свинско месо и печурки), и  се разбира, ајвар (национален сос, направени од слатки црвени пиперки) се заштитен знак на регионот, кој ја прави Пелагонија светски позната дестинација.

 

Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп