Печати Е-пошта

Назив
Локација
Опис

"Кајмакчалан"

Ѓорѓи Сугаре 10,
с.Старавина, Битола

Ловечко и риболовно друштво

 

"Мукос"

Илинденска 44а, Прилеп

Ловечко друштво

 

Ловно друштво "Елен"

Шула Мина 9, Крушево

 

 

Шумите на Бушова планина се богати со дивеч: срна, дива свиња, мечка, волк, зајаци, рис, од птиците: сокол, орел, еребица. Уживателите на планинарењето можат да престојуваат во дивината во текот на целата година, а да се занимаваат со спортски лов во периодот од месец октомври до февруари во годината. Спортскиот лов има долга традиција за мештаните, но и како спортско рекреативен туризам за градот.Од 1990 г. веќе 15 години континуирано доаѓаат пасионирани ловци од Италија од градот Мантова.Тои се присутни во Крушево во месеците октомври или јануари и тоа секоја година во периодот кога се лови крупен дивеч и во месец август кога се лови (прелетен) перјаст дивеч.


 

Ловишта во Преспа

Ресен и околината

Во околината на селата Арвати и Брајчино ловците или оние кои сакаат тоа да станат, можат да го ловат скоро секој дивеч. Дури и мечки. Во шумите на Галичица и Караорман во зависност од ловостојот се ловат разни зајаци и разни врсти на еребици, диви свињи, лисици и крупен дивеч. На езеро во зима можат да се ловат езерски и барски птици.


 

Ловишта на планината Ниџе

 

Планина Ниџе

 

Ловиштето припаѓа на Пелагониското ловно стопанско подрачје - реон Битола. Тоа се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија, односно југоисточно од градот Битола во областа позната како Мариово. Вкупната површина на ловиштето изнесува 20.286 ха.


 

Ловишта во Могила

Општина Могила

Според законот за ловство, на територијата на општина Могила односно во нејзиното опкружување под определен вид на заштита е следниот дивеч: срна, зајак, верверица, видра, полска еребица, еребица камењарка, потполошка, лештарка, грлица, голуб дупкар, голуб гривар, див голуб, шумска шљука, бекасин, пајки, гуски, птици грабливки ( освен јастребите), буфови, додека срната и видрата заради нивната релативно ниска популација се под трајна заштита , а истото се однесува и на пернастите грабливци-орлите, мршојадците, буфовите и луњите. Дивечот кој не е под трајна заштита може да се лови во согласност со тековниот ловостој.

 


Социјални мрежи

Оваа публикација е изработена со помош од Европската унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Регионална развојна агенција на Пелагонија - ПРЕДА, и во никој случај не треба да се сфатат како одраз на ставовите на ЕУ.
Македонски (Macedonian)French (Fr)English (United Kingdom)

Како до Пелагонија

Фото Албум

~ дополнителни информации ~

Изработка ВИРТУС Студио Прилеп